Бубо Каров простестира пред телевизијата од која наплатил 2 милиони евра за 2 години?!

Бубо Каров изминативе денови е во „првите борбени редови“ при протестите пред МРТВ на кои се бара смена на раководствотои ослободување од „режимот“. Тие се залагаат за демократкса власт во јавниот сервис.

Screenshot_105-615x320

Информациите до кои дојде Нетпрес зборуваат дека во до 2007/2008 година Продукцијата К-15 со Бубо Каров на чело од настапите на нивното ТВ шоу на МРТВ за помалку од две години заработиле неверојатни 1,4 милиони евра! Плус 600.000 евра од камати по тужби затоа што МРТВ не им плаќала на време.

Според договорот со МРТВ во време на нивниот колега од протестите Бојаровски, К-15 за само една епизода од 28 емисии земале по 5.000 евра плус ДДВ, плус останатите емисии - по 3.330 евра плус ДДВ за секоја епизода. Вкупно, за две години К-15 заработиле 1.420.720 евра!

Докумнетите за ова ги објави порталот Нетпрес, чиј текст пренесуваме во целост.

Еден од членовите на популарното хумористично шоу К-15, Љупчо Бубо Каров, може да се забележи како дел од онаа мала група која протестира пред зградата на МРТВ.

Пред околу една и пол година тој изјавуваше дека нема медиум кој што би го емитувал нивниот производ, односно хумористичното шоу.

„Не постои медиум каде што К-15 може да се емитува. Значи има медиуми кај што ние не сакаме да се емитуваме, поради тоа што ни е срам да се емитуваме на нив, а имаме и медиуми кои што сакаат да не видат таму, ама викаат искрено да ви кажам побитно ми е тие 50-тина вработени да земаат плата“, велеше Каров во една од своите изјави тогаш.

Но, според информациите до кои тогаш дојде Нетпрес, всушност причината зошто К-15 не можат да најдат медиум за емитување не се воопшто политиките на медиумите, туку финансиите кои ги побаруваат К-15 за емитување на кратките хумористички епизоди со ликовите на Цацко, Миле Паника и Тошо Малерот.

Нетпрес согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во декември 2013 година испрати барање до Македонската радио телевизија за увид во договорите потпишани со К-15 продукција во април 2007 година за емитување на К-15 серијата на МТВ во периодот до 2007 до 2009 година.

Според договорот потпишан од тогашното раководство на МРТВ и претставниците на К-15, Бранко Огњановски и Васко Тодоров, К-15 од МРТВ наплатиле фантастични 1,2 милиони евра!

„МРТ се обврзува да и’ исплати на К-15 Продукција: За првата за емитување на програмскиот материјал од ставот 1 од Членот 2 од овој Договор: три илјади и триста евра (плус ддв) за една ’Дневна доза’, во денарска противвредност по средниот курс на НБМ на денот на исплатата; За правата за емитување на програмскиот материјал од ставот 2 од Членот 2 од овој Договор: пет илјади евра (плус ддв) за една емисија, во денарска противвредност по средниот курс на НБМ на денот на исплатата“, стои во договорот што К-15 го потпишале со МРТВ на втори април 2007 година.

Според договорот, за првата година од емитувањето од април 2007 до март 2008 година К-15 заработиле 602 илјади евра, а исто толкава заработка имале и за втората година од емитувањето.

Каров самиот во интервју за Радио Слободна Европа објавено во јануари, 2013 година, вели дека хуморот скапо чини.

„Хуморот во светот е скап производ за кој треба дебело да платите, но кај нас во Македонија тоа не функционира. Ако во соседна Бугарија еден од нивните хумористи е на петто место во првите десет најбогати луѓе во земјата, кај нас тоа е незамисливо“, вели Каров.

Од она што може да се заклучи од договорот со МТВ, нивниот хумор всушност чини милиони евра, но според изјавата на Каров, тој износ воопшто не е скап.

К-15 од МРТВ за две години емитување наплатиле 1,2 милиони евра

Не е познато колку К-15 наплатиле од последните телевизии на кои се емитувала нивната серија.

Директорката на Алфа Тв, Симонида Кажиќ, каде последно се емитуваше К-15, во 2013 година изјави дека телевизијата и’ понудила нов договор на продукцијата, но од нив не добиле одговор.

„На тимот од К-15 им беше истечен договорот за емисијата и после истекувањето ги повикавме на разговор, затоа што колегиумот на Алфа телевизија беше расположен емисијата да продолжи да се емитува и понатаму. На состанокот дојде Бранко Огњанов, бевме јас и Љупчо Николовски и му понудивме да продолжиме со соработката, но тој ни рече дека заминуваат на турнеја низ Австралија и дека не е возможно веднаш да продолжат со емисијата, по што никогаш повторно не се јавија. Тоа беше негде во месец февруари, тогаш им истече договорот и веднаш им понудивме да продолжат да се емитуваат на Алфа телевизија. Им ги понудивме истите услови како и пред тоа, значи ни денар помалку, но отако заминаа на нивната турнеја повеќе не се ни јавија ниту на мене, ниту на програмскиот уредник“, вели Кажиќ во изјава за порталот Курир, кратко откако заврши емитувањето на К-15 на Алфа ТВ.

Серијата К-15 почна да се емитува кон средината на 90-тите години од минатиот век во изминативе две децении смени повеќе медиуми меѓу кои и Сител, Канал 5 и некогашната А1 Телевизија.

Во изминатиов период, еден од членовите на К-15, Љупчо Бубо Каров, стана дел од групата, која протестира пред МРТВ. Оттука се отвора прашањето, дали Каров можеби протестира за повторно да издејствува својот хумор, според него, „евтино“ да го продаде на националниот сервис

Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип

Синоќа е пронајдено безживотно тело на почината 26 годишна девојка од Кавадарци во куќа во близина на Градската црква „Св Никола“во Штип.

Возила на полицијата и Итна помош биле пред куќата.

Неофицијално девојката била почината пред неколку дена, а според првичните информации таа во куќата живеела под кирија.

Од СВР Штип повеќе детали за настанот најавија за денес.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје. 

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Обидете се да ги контролирате своите емоции, особено ако веќе не сте сигурни како се чувствувате за поединци. Штом покажете некаква слабост, ќе ја изгубите предноста која ви е потребна за да стигнете до целта во преговорите. Флексибилноста ќе ве доведе до напредок. Не дозволувајте обврските да ве оддалечат од задоволствата.

БИК

Токму кога мислите дека имате се под контрола, некој ќе ви ги наруши плановите. Не плашете се од патувања или отворени разговори со непознати, бидејќи тие ќе ве доведат до личност која ќе ви направи дополнителна работа и ќе ви помогне да дојдете до она што ви е важно. Останете отворени за нови идеи.

БЛИЗНАЦИ

Не сметајте на вашите најблиски да бидат отворени денес или да ја добијат потребната помош. Наместо тоа, побарајте совет или услуга од оние кои би можеле да имаат корист ако ви се придружат. Во моментот кога ќе сфатите кој најмногу може да ви помогне, работите ќе тргнат во поинаква и подобра насока.

РАК

За да напредувате или да ја надминете конкуренцијата, правете го она што знаете дека најмалку се очекува од вас. Ќе им покажете на другите колку сте дисциплинирани, подготвени брзо да реагирате и да размислувате на уникатен начин. Не следете ги другите и не правете повеќе од она што се очекува од вас. Бидете умерени во сè.

ЛАВ

Личност која денес површно ја познавате ќе ви даде интересни и корисни предлози. Во приватниот живот можни се нагли промени кои многу ќе ве вознемират. Ако се работи за нечие премислување или откажување, останете смирени и потоа фокусирајте се на она што треба да го искористите максимално од тоа и да успеете сами.

ДЕВИЦА

Немојте да бидете премногу сигурни во себе или во исходот на она на што работите, особено ако имате големи очекувања или сметате дека тоа може да ја обезбеди вашата финансиска иднина. Бидете подготвени за брзи промени и посветете се на секој детал. Не плашете се да ја преземете контролата ако некој постапува поинаку од тоа што сте кажале.

ВАГА

Иако денес многу ќе ве привлече личност која ја сметате за креативна, единствена и необична, бидете воздржани и не се откажувајте од плановите да се впуштите во нешто што всушност не е она што изгледа. Во никој случај не сакам да пренесам дека препорачувам мајката да биде неактивна. Држете се до она што го знаете и она што веќе сте го провериле самите.

ШКОРПИЈА

Добар дел од вас денес ќе сфатат како верувале во нечии празни ветувања или планови кои се противзаконски. Во секој случај, не дозволувајте чувствата на несигурност или разочарување да ве обземат. Направете го вашиот дел и не се задоволувајте со помалку од она што мислите дека го заслужувате. Не се потпирајте на другите и нивните искуства.

СТРЕЛЕЦ

Побарајте совет или помош од луѓе на кои секогаш можете да сметате и слободно вратете се денес на идеите кои биле добри во минатото. Денеска ќе можете успешно да ги проценувате другите луѓе како и новите ситуации и да се доведете во солидна позиција. Во љубовта бидете поагресивни и директни, особено ако сте решиле да ставите карти на маса.

ЈАРЕЦ

Не верувајте во се што ќе слушнете денес, без разлика кој ќе ви каже нешто. Многумина ќе бидат склони да претеруваат и преувеличуваат разни негативни ситуации или да се фалат со туѓи дела. Ако имате впечаток дека нешто не е во ред, веројатно ќе бидете во право, но ќе мора сами да ги иницирате промените за да избегнете поголеми проблеми.

ВОДОЛИЈА

Денот е идеален за заработка, за реализација на понуди или за напредок на деловното поле. Фокусирајте се на она што го сакате наместо да посветувате толку многу внимание на она што другите го сакаат. Ако имате намера да им дадете до знаење на другите дека не сте задоволни со вашата моментална позиција, бидете директни и искрени, но и нагласете ја новата визија што ја имате.

РИБИ

Иако сите ќе ви бидат сочувствителни денес, и со добра причина, немојте да мислите дека сите се на ваша страна. Слободно опуштете се, но имајте ограничување. Некој ќе се преправа дека се грижи или ќе ви понуди нешто што не може да го обезбеди. Ако го сфатите тоа веднаш, не покажувајте дека сте вознемирени, туку покажете дека имате контрола.

Популарно