Кој ја уби СФРЈ? Земјата по која се уште сите плачеме!

Денеска е 29 ноември, некогаш големиот празник на СФРЈ на кој оние кои живееа во Југославија со носталгија се сеќаваат. И покрај тоа што одамна ја нема, многумина се уште се прашуваат и коментираат кој е крив за распадот на таа силна држава која беше почитувана ширум целиот свет и каде се денес сите тие актери кои му кумувале на распадот на оваа светска сила. И денес, многумина ќе речат дека Титова Југославија ја сруши непријателот од страна и дека некој на кој не му одговарало да бида толку силна одлучил да умре. Вистината како и секогаш е тука некаде, во средината.

jugoslavija-raspad

 На третиот собир на претседателите на 6-те републики одржан 11 април 1991 година, учествувале српскиот претседател Слободан Милошевиќ, претседателот на Хрватска Фрањо Туѓман, босанскиот - Алија Изетбеговиќ, претсседателот на Црна Гора - Момир Булатовиќ, словенскиот претседател Милан Кучан и македонскиот Киро Глигоров.

 Уште тогаш се чувствувало дека на Југославија и нема спас и дека тоне се подлабоко, а сојузот е се послаб. Имено, пред да почне состанокот, се знаело дека шансите да се постигне договор биле многу мали, пишува белграскиот Вечерње новости.

  По овој собир, гоелмата тројка, Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ се сретнале на 12 јуни во Сплит и уште тука било јасно дека, и поради тоа што другите претседатели на се појавиле, на Југославија деновите и се одбројани. Подоцна сите на Балканот добро знаат што се счучуваше, војната која како и секоја друга, не донесе ништо добро, а чии последици со екс-ју државите се чувствуваат и денес.

  Каде се лидерите од тоа време и со што се бават сега?

 Милошевиќ, Изетбеговиќ, Туѓман и Глигоров се починати. За почетокот на 90 тите години и за случувањата при распадот на Југославија говореле Милан Кучан и Момир Булатовиќ.

 Поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан изјавил дека сите потези кои во тоа вереме ги повлека Словенија биле добри и не се чувствува виновен за распадот на Југославија. Неодамна биле објавени и неговите мемоари во кои се вели дека тоа било отпор кон "Србославија".

  По повлекувањето од сите функции, Кучан остана политички активен и одигра важна улога во отпорот над поранешниот премиер Јанез Јанша. Сега, пензијата му е 3 300 евра, а кога имал здравствени проблеми, бил опериран во Швајцарија на трошок на државата.

  Поранешниот претседател пак на Црна Гора, Момир Булатовиќ, во своите мемоари напишал дека ги носел стенограмите во Хаг на сите состаноци, како сведок на одбраната на Слободан Милошевиќ.

- За жал, не стигнавме да го кажеме тоа во текот на одбраната, но постои метеријален доказ дека Словенија сакаше веднаш и по секоја цена да ја нашушти Југославија. Хрватска беше принудена да ја следи, а Босна знаеше дека ќе биде колатерелна штета, пишува Булатовиќ.

  Тој исто така тврди дека Југославија не се распаднала по своја воља.

- Сето тоа било одлучено некаде таму од страна за што добив и непосредна потврда од Кучан. Кога го прашав дали е среќен со тоа што го направи, тој рече -" Немој Момо те молам, не се прашував јас".

 Булатовиќ политиката ја напушти 2001 година, а денес е редовен професор на Европскиот универзитет во Белград. Има и националната пензија како поранешен претседател на Црна Гора.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото

(Видео) Топки град колку човечка тупаница, торнадо направи хаос во Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу.

Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени уште 33 лица.

„Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Град со големина на тупаница паѓал и ги пробил покривите.

Според очевидци, градот убил и некои домашни животни.

Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабричка зграда, но ниту една станбена зграда не е уништена. Според Ксинхуа, спасувачката работа е веќе во голема мера завршена.

По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од повеќе од 20 метри во секунда (72 км/ч).

Пред само една недела, обилните дождови ги зафатија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица и беа принудени да се евакуираат повеќе од 100.000 жители.

Гуангжу има над 18 милиони жители. Главниот град на провинцијата е еден од најважните економски центри во Кина.

Популарно