(ФОТО)Поранешната девојка до Мансаков: Што друго сакаш да направам, да исчезнам?

И кај нас како во холивуд имаме славни парови. Добро, не се толку славни како холивудските, но сепак ги имаме, а со тоа и драма на јавна сцена. Викторија Луческа по прекинувањето на врската, ги искористи сите можни начини да му покаже на Дејан Манасков што пропушта, но изгледа дека драмата меѓу нив не е се уште завршена.

dejan-manaskov-i-viktorija

Иако постојано објавува нови провокативни фотографии, Викторија во последно време пишува статуси кои ќе ве натераат да се запрашате за кого се наменети.

13083363_1613516368968611_2860347325707898542_n

Така и овој пар, прилепчанката објави долг статус, кој изгледа како да е посветен на Манасков, а изгледа вака:

„А што треба да правам? Да се преправам како ништо да не се случило како ништо да не ни било? Добро! Но знаеш да беше оваа некоја сцена од филм би добиле оскар. Ам не сме ни Холивуд, а не беше ни филм, ниту пак глума. Што друго сакаш да направам, да исчезнам? И тоа ќе го направам, само ти биди среќен, а што ќе правиме кога ти ќе сакаш да се појавам и тогаш ли ќе глумиме. Ќе се правиме дека ништо не се случува баш како што сакаше. Единствено ќе ми биде жал по неколку години кога ќе ја осетиш осаменоста, ќе те јади ќе те мачи ќе ти ја погази гордоста и тогаш кога ќе погледнеш кон трибините пак ќе ме видиш мене но овој пат не сама со некој што ќе сака Се да биде Се, со некој што нема да глумам среќа. “

Инаку досега ракометарот кој пред месец дена потпиша за Рајн Некар Левен, ниту еднаш јавно не проговори за врската со Луческа.

dejan-manaskov-i-viktorija1-640x399

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно