ФОТО: Најбрзиот фатен на дело - Усаин Болт во кревет со студентка!

Џади Дуарте е 20-годишна студентка од Рио Де Жанеиро, која поради еден детал станала многу интересна во јавноста. Имено, оваа симпатична девојка на своите пријатели преку "WhatsApp" им пратила интересна фотографија, која намерно или случајно се појавила во јавноста.

timthumb79-735x400

Во неа Џади се наоѓа во прегратка на Олимпиецот Усаин Болт. Како што кажала за локалните медиуми, фотографиите настанале во неделата во околу 7 часот наутро, очигледно во кревет. Додала дека не знаела дека е со познат спортист, а нивното дружење го опишала како нормално.

Веста веднаш ја објавиле бразилските портали, а потоа за спорната фотографија дознал целиот свет. Покрај Џади, Болт освојувањето на сите медали го прославил во друштво и на други девојки во клубот "All In" во предградието на Рио, Бара Де Тихука.

#UsainBolt hit the club to celebrate his wins and his 30th birthday like....

A video posted by TheYBF (@theybf_daily) on

Но, Болт не ги славел само медалите. Златното момче оваа седмица наполнило 30 години, па, гледано рационално, навистина имал причини за славење. Проблем е само една работа - Болт веќе долго време е во врска со Каси Бенет, па останува нејасно како ќе ги објасни овие фотографии.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно