Ако остане трудна ќе „плати“ 7 милиони евра!

Откако во Јули се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, тие се еден од најпопуларните парои во светот.

ana-ivanovik-bastijan-muzika-svadba-01

Сепак, сега сите постојано, сосема очекувано, се прашуваат – кога ќе пристигне приновата?

Со оваа тема малку се позанимаваа и медиумите, па како што пишува хрватскиот RTL, цената на нејзиното дете би била премногу висока. Всушност, Ана има обврска да игра тенис до 30-та година, при што само повреда би можела да ја одвои од теренот.

Во спротивно, на спонзорите таа ќе им плаќа пенали и до седум милиони евра, во случај ако таа остане бремена во текот на следните година дена.

Ана Ивановиќ има доживотен договор со Adidas, а и сè додека игра тенис, годишно таа добива пет милиони евра. Во случај да престане, нејзината заработка ќе изнесува 1.5 милиони евра.

Или во превод – ако остане бремена, таа би изгубила две сезони на теренот, што според овој договор би значело дека Ана би можела да изгуби неверојатни седум милиони евра, што значи дека станува збор за една поприлично голема сума...

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно