Како да го подготвите вашето возило за зимата која доаѓа?

Возењето во зимски услови е предизвик и за возачот и за возилото. Ладното време ги тестира границите на техничката исправност на возилото, а лошите услови за возење, пак, ги тестираат возачките вештини и способности.

sneg-1

Затоа од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата препорачува:

Најпрво, направете му редовен сервис на возилото. Како дел од редовната проверка на возилото, посебно внимание посветете на акумулаторот на моторот. Многу е важно да знаете 2 работи: прво акумулаторот кој лесно стартувал во летниот период, може да не е довлно наполнет истото да го прави во зима, а моторот потешко се стартува бидејќи маслото не е „маслото“ кое беше во јули и - втората работа, акумулаторите ја губат нивната моќ со паѓање на температурите под нула. Затоа, не само што е потребна поголема моќ да се стартува моторот на возилото во зима, туку добива и помалку енергија и сила од акумулаторот. Ваше е само да го однесете возилото на сервис, а за маслото и за акумулаторот ќе се погрижи овластениот сервисер.

Проверете го нивото на антифриз во возилото. За да бидете сигурни дека антифризот ќе го заштити возилото од зимските температури за време какво што имаме на нашето поднебје, може да го разредите со вода (50-50) и без проблем да возите цела зима. Постојат повеќе видови и производители на антифриз и најдобро е да земете од оној што најмногу одговара за вашето возило.

Набавете си зимски бришачи за стакло со гумени облоги кои спречуваат да замрзне гумата која директно допира на ветробранските стакла и оневозможува на нив да се нафати мраз. Тие се одлични, но само за во зима бидејќи се тешки и ако се употребуваат и во пролет и лето предвреме ќе го оштетат моторот кој ги движи. Резервоарот за вода за бришачи треба да е полн со течност која не мрзне и до -30◦С.

Совет: кога употребувате бришачи во зима, прво исклучете ги бришачите, па потоа изгаснете го моторот на возилото. Зошто? Бидејќи водата (снег, дожд) за време на ноќта мрзне, а со тоа и бришачот мрзне и се лепи за стаклото. Доколку не го ислкучите, наутро кога ќе го стартувате моторот на возилото, бришачите автоматски ќе се вклучат и бидејќи се замрзнати за стаклото нема да можат да се движат и на тој начин може со „бришење во место“ да го прегорат моторчето кое ги движи.

Секогаш имајте доволно гориво во возилото. Доколку „заглавите“ во градскиот метеж или сте на пат на кој има застој, работата на моторот на вашето возило ќе ви биде главниот извор на топлина и затоа резервоарот треба да ви биде секогаш полн или барем ¾ полн. Моторот на возилото може да работи подолг временски период кога возилото е во мирување, односно сѐ додека има погонско гориво. Еден дополнителен совет до возачите кои имаат постари возила: доколку со возилото сте на едно место подолг временски период, подотворете малку прозор да влезе воздух бидејќи постарите возила емитуваат поголемо количество јаглерод диоксид кој може да навлезе во кабината на возилото.

Проверете дали се исправни грејачите на задното ветробранско стакло на возилото. Тие се многу важен елемент за безбедно управување на возилото во зима посебно наутро кога возилото е замрзнато или покриено со снег. Секој совесен возач треба прво да ги одмрзне и исчисти стаклата на возилото, а потоа да седне зад воланот и да го управува.

Немојте во зима да ставате голем товар во возилата. Носете го со вас само она што ви е неопходно. Нека ви биде пракса носењето лопата, мала вреќичка песок, патосници за под тркалата во случај да заглавите во подлабок снег, еден пар топли дебели ракавици и секако, полна батерија на мобилниот телефон. Телефонскиот број за помош на патот е 196.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оваа зима со одбрани совети, ќе се потруди секој возач да управува возило со кое нема да претставува опасност во сообраќајот, туку ќе ја обезбеди не само својата, туку и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Овој едукативен текст е во рамките на Зимската кампања која што РСБСП ја реализира со поддршка од МотоЦентар – Прв избор за гуми. РСБСП во партнерство со Моторцентар им посакуваат безбедни патувања на сите учесници во сообраќајот.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45), која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, го изгуби профилот на оваа социјална мрежа поради говорот на омраза кон Црногорците и Црна Гора.

Со објава на Икс (поранешен Твитер), нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ потврди дека профилот на Карлеуша избришан, но дека работат на тоа да го вратат.

„Поради многу пријави на профилот на Јелена Карлеуша, од бот-профили на различни IP адреси, настана привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред“, напиша Бирташевиќ, но бргу ја избриша објавата по бројните коментари од корисниците на социјалната мрежа, кои тврдат дека не станува збор за ботови, туку за незадоволни луѓе со име и презиме.

„Јас не сум бот, ја пријавив трипати, со име и презиме, од иста IP адреса. Нека си ги реши психичките проблеми и нека продолжи да се занимава со тоа што го правеше и досега – евтина порнографија и обезбедување приход за пластичните хирурзи“, напиша еден корисник, а потоа следеа и други коментари.

Во последните две недели, Јелена Карлеуша постојано имаше изливи на говор на омраза на национална и верска основа кон граѓаните на Црна Гора. Таа го негираше суверенитетот на таа земја, ги навредуваше граѓаните на Црна Гора, ги нарече екстремисти и закана за Србите и Србија, па дури и побара од нејзините следбеници да престанат да летуваат во Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Политиката на Инстаграм јасно наведува дека таргетирањето, говорот на омраза против кое било малцинство, нација, религија, група и слично е забрането. Поради пријави од овој тип, Инстаграм ги брише профилите на своите корисници.

Тензично во Малме пред Евровизија! Израелската претставничка предупредена да не излегува од хотелот

На израелската претставничка на овогодинашната Евровизија, Еден Голан, ѝ беше препорачано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на оваа манифестација, поради пропалестинските протести во Малме, шведскиот град каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане подалеку од очите на јавноста освен за време на настапите, објави „Еуроњуз“.

Таа пристигна во Малме овој викенд, среде силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот одамна пристигнаа, а повеќе од 1.000 шведски уметници побараа да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.

Во петокот во Малме беше запален Куран, додека, како што пишува „Тајмс оф Израел“, еден од сторителите на палењето на муслиманската света книга бил завиткан во израелско знаме, додека палестинското знаме било газено.

Натпреварот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.

Популарно