ЕВН ПАДНА НА СУД: Семејство од Штип го доби спорот

Станува збор за наводен долг кој ЕВН со години си го сукцесивно допишувала, можеби со првичен основ, но на тој основ надавале други неосновани дологви, така што сумата од 2002 година наваму достигнала износ од 162 илјади денари. Тоа е нешто невидено, може само да се должи на манипулистичкиот систем кој со децении наназад го гради ЕВН, изјави Емил Недков, адвокат.

Судскиот спор се води од мај 2015 година, а до денес семсјтвото и адвокатот минале низ многу бирократски бариери. Истите според нив имаат за цел, максимално да ја искомплицираат постапката и да ги обесхрабрат оштетените да поведат судски спор против компанијата.

Колку за илустрација, наместо во Штип, целиот спор се водел во Скопските судови, а за само еден одговор, се чекало и по пет месеци:

– Точно дека централата им е во Скопје, но корисничкиот центар 1 им е во Штип, борилото кое е предмет на судска псотапка е во Штип, инкасаторот е во Штип, сведоците се во Штип, вештачењата се во Штип, вештите лица. Овој предмет требаше да се води во Основен Суд Штип, зошто го испратија во Скопје, не навлегувам, изјави Емил Недков, адвокат.

Сметките за струја, досега биле причина за бројни незадоволства кај корисниците, но малкумина од нив се одлучувале за судска разрешница:

– Ги охрабрувам граѓаните во иднина да не се плашат и да почнат своите права да ги остваруваат по оваа судска постапка, мислам дека доста беше таа практика неосновано да се натпишуваат сметките на граѓаните, изјави Емил Недков, адвокат.

Инаку, според Законот за облигациони односи, секој долг за јавна давачка застарува за период од една година. По истекот на овој рок, никој нема право да им бара пари на граѓаните за наплата на сметка.

Секако, ова важи само доколку за долгот корисникот претходно не е тужен.

До овој момент Гордана води со над 50 илјади гласа

Според првичните резултатите од досега пребројаните гласа од избирачките места до овој момент огромна е предноста на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, наспроти Стево Пендаровски.

Имено бројот на гласови од овој процент на избирачи е следен:

Гордана Силјановска Давкова: 86.688 гласа

Стево Пендаровски: 34.450 гласа

Бројот на неважечки ливчиња од овој процент е: 5.137 гласа.

ДИК од обработени 91% од избирачките места: Цензусот е постигнат, излезеноста е 46%

Излезеноста за претседателските избори до 18.30 часот е 46%, додека за парламентарните избори е 53%.

Ова е објавено на официјалната страна на државната изборна комисија.

Според статистичките податоци, цензусот е исполнет и Македонија денес ќе добие нов претседател.

Наскоро се очекува прес конференција на ДИК со последните податоци.

Таравари: По овие избори ќе се смени власта во Македонија

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, Арбен Таравари на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.

– Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ, рече Таравари.

На прашање на МИА каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на Албанците во Македонија.

– За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа, подвлече Таравари.

Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

-Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско, рече Арбен Таравари.

Популарно