Ќерката на Наум Петрески, атрактивната македонска пејачка, Анастасија, долго време беше мистериозна во поглед на љубовниот живот, но очигледно дека сегашната врска со пејачот на групата „Биоритам“ е толку силна што не чувствува потреба да ја сокрива, туку на сите да им каже колку е предадена на чувствата.
Имено, како колеги вљубените гулапчиња и тоа како се разбираат еден со друг, а дека одлично функционираат како естраден пар потврдува и коментарот на Анастасија која во описот за една нова заедничка фотографија напиша дека се Зорица и Кемиш.