ФОТО: Во кој хотел ќе бидат сместени играчите на Манчестер Јунајтед во Скопје?

Откако го обезбедија трофејот во Лига на Европа, а со тоа и пласманот во Супер купот на стариот континент, Црвените ѓаволи решија својата посета на Скопје да ја направат максимално удобна.

Најпрво се појавија шекулации дека Јунајтед резервиле простор во „Александар Палас“, за потоа да се спомене и хотел „Мериот“. Сепак официјално фудбалерите на најтрофејниот фудбалски колектив од островот решија за мечот против Реал Мадрид на 08 Август да се сместат во „ТЦЦ Гранд Плаза“.

Оваа одлука на клубот од Олд Трафорд доаѓа по вчерашното гостување на Луис Саха и неговиот престој во прекрасниот скопски хотел. Преставникот на Јунајтед презадоволен од амбиентот и услугата во хотелот предложил истиот да биде дом на скапите ѕвезди на Мурињо. 

Оваа вест официјално ја потврдија и од хотелот:

- Со огромно задоволство, TCC Grand Plaza ве известува дека за време на UEFA Super Cup 2017 ја имаме честа да бидеме домаќини на единствените Манчестер Јунајтед! Со нетрпение го очекуваме 08 Август! 

Погледнете во каков амбиент ќе уживаат Руни, Марсијал, Погба, Де Геа, Смолинг, Валенсија, Херера, Мата... и останатите од најголемиот англиски тим.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно