Елена Ристеска: „Татко ми, додека беше болен во постела, ме молеше да не објавувам за разводот, иако веќе бев разделена со бившиот сопруг“

Не знам дали воопшто постои некој кај нас што не слушнал за Елена Ристеска. Иако е млада жена, таа веќе може да се пофали со 15-годишна успешна пејачка кариера. На нашата сцена згазна на 16 години, четири години подоцна блесна и на евровизиската, а пред неколку години и на балканската… А сега на ред е и светската. За нашите читатели, Елена искрено зборува низ што сè поминала изминатиот период, кој беше доста тежок за неа и за нејзиното семејство, но и за своите големи планови за иднината, кон која чекори со крената глава.

Колку е лесно да се живее во кожата на Елена Ристеска?

Колку повеќе стареам, сè потешко се живее во сопствената кожа, затоа што сè повеќе сакам да успеам да ја зачувам интимата, но и сè повеќе ми е потребно осамување, да не сум опколена со многу луѓе. Порано, кога бев дете, беше полесно, цел живот е пред мене и не му ја мислев премногу. Проблемите приватно, но и притисокот од јавноста поради мојата професија, секојдневно ми пречат по малку, затоа што се потребни „коњски нерви” за да го издржите тоа темпо. Понекогаш си наоѓам некое катче во кое никој нема пристап и успевам да избегам од сè и од сите. И најчесто потонувам во бесконечниот свет на книгите за да си го пронајдам мирот.

Посакуваш ли некогаш да беше само една обична девојка?

Многу често посакувам, но не од аспект дека секојдневно ме демнат папараци па не можам глава да кренам, туку од аспект луѓето да ме доживуваат како нормална личност, а не оној „монструм” што успеаја да го искреираат од мене одредени индивидуи. Боли кога прават од тебе сè што не си, а всушност никогаш нема да ја сменам одлуката да не демантирам и да не објаснувам за сè она што го изнапишаа за мене изминативе години. Не можам да сфатам како им успева на злобните да те исквернават и притоа мирно спијат, а народот не ги согледува вистината и вистинската приказна, туку верува во напишаното. Огромна неправда! Денес секој може да отвори портал и да пишува сè што ќе посака, а притоа никој не одговара кривично за сето тоа. Се изместија вредностите. Всушност, на јавна личност-жена најлесно можете да ѝ наштетите со јавно уништување на нејзината чест. Нема полесен начин за одмазда. Сето ова ме заморува… А во однос на публиката која безусловно ме сака и слуша изминативе 15 години, ќе го кажам следново: да се родам уште сто пати – повторно би била ова што сум денес. Чувството на сцена ги заменува и ги ублажува сите болки и неправди, бидејќи единствено таму излегува вистината, преку моите авторски текстови и преку емоцијата во пеењето. Еден ден, кога многумина ќе ја читаат мојата биографија, веројатно ќе се покајат за сето она што го мислеле, го сториле или го напишале. Еден стих од песна на Тоше вели: „…и на славејот камен фрла некој…”, а една друг, пак, вели: „што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи”. Колку поскоро народот сфати дека ние пејачите сме понормални од најнормалните луѓе, тогаш само музиката ќе остане да нè дефинира. Музиката е на прво место, сè друго е споредно.

Во животот имаше и подеми и падови, минатата година беше, би рекол, најтешка за тебе. Каква поука извлече од сето тоа?

Тешките мигови во животот те прават цврст како челик, издржлив, непобедлив, но и нетолерантен и посебичен. Затоа што сè дотогаш пред себе во животот гледаш една голема драма, драма која завршува во моментот кога ќе дојде најтешкиот дел од животот, тогаш паѓаат маските и остануваат покрај вас вистинските пријатели. Почнуваш повеќе да си го цениш слободното време и да го поминуваш само со оние кои го заслужуваат. Едноставно, не губиш вееме на неважни работи и луѓе, затоа што веројатно забрзано созреваш, па се фокусираш само на приоритетните нешта во животот. Мојот фокус во моментов се мојата работа и моите најблиски, така успевам полесно да направам дефокус од она на кое секој ден мислам, а тоа е загубата на татко ми.

Загубата на твојот татко, претпоставувам, беше мошне тежок удар за тебе, но како и дали успеа да го преболиш неговото отсуство?

Тоа не се преболува, едноставно, болката те следи цел живот. Јас објаснив погоре дека целиот фокус кон работата и убавите нешта го гледам како намерен и исфорсиран дефокус од реалноста. Бидејќи ако потпаднам под влијание на реалноста, односно на болката, тогаш ќе бидам пола човек.

Кој негов совет ќе го паметиш засекогаш?

Ахххх… неговите совети не беа за ова денешно турбулентно време. Тој беше најдобриот човек на планетата. Ми велеше: „Елена, ако те удрат по образ, сврти им го и другиот”. Затоа станав човек кој седи и чека да го удираат сите нешта и луѓе, скандали, непријатели и не преземам ништо по тоа прашање, само си ја чекам правдата од Бога. Татко ми им имаше помогнато на милион луѓе, но и на таквите кои не заслужиле. Се сеќавам дека на еден професор, кој му бил ноќна мора во средно училиште, му го вработи синот по многу години, но и никогаш не му кажал дека трпел неправда токму од него, додека бил во средно училиште, едноставно, му помогнал. Имам чувство дека таков човек нема да се роди повторно. И криво ми е што ме воспита на негов начин, требаше да ме направи побезобразна и полоша, бидејќи таквите повеќе опстојуваат денеска. Исто така, малкумина знаат дека татко ми, додека беше болен во постела, ме молеше да не објавувам ништо за разводот, иако веќе бев иселена и разделена од бившиот сопруг, уште во јуни 2015 г. Бидејќи имавме поприоритетна фамилијарна задача – да го спасиме животот на татко ми, а не да се занимаваме со споредни работи во тие мигови и да предизвикаме нови скандали. За разводот се објави многу подоцна, можеби една година дена откако бевме разделени, а во меѓувреме на целата таа болка и мака, бездушници искреираа скандал кој дополнително ја растажи целата моја фамилија, и само ќе кажам – нека им служи на чест.

Велат дека сите во животот имаат пет минути. Дали твоите поминаа или сметаш дека допрва ќе дојдат?

Во Македонија моите пет минути беа во периодот околу „Евросонг“, тогаш популарноста ми беше на високо ниво и ден денес сè уште ме следи успехот кој ми го донесе „Нинанајна“. Јас мудро ги искористив тие 5 минути, па оставив простор за уште неколку такви периоди во кариерата. На Балканот, пак, на тој пазар допрва доаѓаат моите минути, единствено се чека на добра балканска песна, бидејќи во фаза сум на собирање добра музика.

Кој беше најубавиот период во кариерата на Елена Ристеска?

Токму тој за кој зборував погоре, периодот околу „Евросонг“. Поинаква беше состојбата на македонската сцена, имаше настани, концерти, емисии, гостувања, место за нови пејачи, народ жеден за музика и за убави нешта, некако сè беше поубаво во тој период.

Имаш многу твои песни, но која е твојата „лична карта”, според тебе?

Веројатно е тешко да се одбере која песна е лична карта, но еве, да кажеме дека „Нинанајна“ ја обележа и ја започна мојата кариера, „А можевме“ ја зацврсти, „Доживотно“ ја потврди 15-годишната приказна. А доколку зборуваме од автобиографски аспект, тогаш, иако сите мои песни имаат такви сегменти, сепак „Без шминка“ претставува од збор до збор пресликување на самата јас.

И покрај ова време-невреме на нашата естрада, ти си еден од ретките изведувачи кој постојано нешто работи, подготвува, соработува…

Ако не работам, значи дека не постојам. И во бура и во „сончеви” периоди, мора да се држи цврсто кормилото во раце, не смее бродот да потоне. Титаник тоне кај понехрабрите, а не е за мене тој брод.  [🙂]  Единствено, цврстата и безусловна љубов од филмот „Титаник“ може да ми биде репер, но не и да дозволам поради „санта мраз” да потоне кариерата која ја градам 15 години. Тешко е, но мора да продолжиме да работиме и да се бориме.

Дали конечно ова лето ќе најдеш време за себе и ќе заминеш на некоја егзотична дестинација да се одмориш и да наполниш батерии?

Чул те Господ, велат, по 2 години посакувам летово да заминам со семејството на одмор. А си ветив себе си дека секогаш ќе го „бркам” сонцето, па веројатно во следните години ќе се потрудам дури и зимно време да одам на егзотична дестинација.

Разговарал: Васко Спасоски

Превземено од http://www.ubavinaizdravje.mk/

Ацо Пејовиќ се огласи по обвинувањата дека ја изневерува сопругата, вака им ја затвори устата на озборувачите

Пејачот Ацо Пејовиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

Неодамна почнаа да кружат приказни за неверството на Ацо Пејовиќ, а сега пејачот стави крај на прозивките и истакна дека не му е грижа за нив, бидејќи целосно и е посветен на сопругата.

-Не ме засегаат никакви натписи, ништо… Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив со сериозни темели, а тие темели се толку силни што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат, рече пејачот и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари:

„Се смееме дома кога седиме, рече тој.

Да потсетиме, Билјана и тој се венчаа веднаш по завршувањето на средното училиште, а тој често истакнува колку го поддржува во животот. Билјана еднаш преживеа трауматично искуство – крварење во мозокот, Ацо остана целосно уништен, но се обиде да ја задржи присебноста и да и помогне на сопругата во најтешкиот период.

-Се трудиме да заборавиме се што ни се случи и да го оставиме на страна. Мојата сопруга сега се чувствува одлично и што е најважно, нема никакви проблеми. Продолжуваме со Божја помош, изјави тогаш Пејовиќ, но признава дека ситуацијата драстично го променила:

„И јас и мојата сопруга се сменивме многу, пред се го поправивме односот кон луѓето и работата и сосема поинаку гледаме на работите околу нас. Сè што и се случи го сфативме како своевидно предупредување да го забавиме и да го промениме нашиот начин на живот“.

Инаку, Билјана е доктор на економски науки.

(Фото) Синот на Дара Бубамара со емотивна објава за мајчинството

Дара Бубамара не крие колку е врзана за синот единец. Таа секогаш јавно зборува за таа поврзаност и љубов, но сега за прв пат се огласи и синот Коста.

Имено, Коста преку социјалните мрежи испрати емотивни зборови на својата мајка, кои Дара веднаш ги сподели со своите следбеници.

„Мајчинство, сета љубов на светот почнува и завршува со него. Мајка ми е најубавата жена, сè што сум сега, ѝ го должам. Целиот свој успех во животот го препишувам на љубовта и поддршката што ја добив од неа. Те сакам мамо“ – пишуваше на фотографијата која Коста ја сподели на својот Инстаграм профил.

Пејачката не криеше колку е горда што единственото дете за неа има само пофални зборови.

-Те сакам сине најмногу на светот, напиша пејачката и додаде срце.

Катарина Живковиќ откри дека е бремена и дека се повлекува од сцената, но една работа ќе остане тајна

Пејачката Катарина Живковиќ ја сподели со јавноста најубавата вест – бремена е.

За јавноста не е познато кој е таткото на детето, иако таа веќе долго време е во врска со човекот кој не сака да го претстави јавно.

-Ова е моето прво и последно огласување на оваа тема. Се повлекувам од јавниот живот. Стравот сè да биде како што треба е поголем од желбата да се фалам пред сите, рече Катарина.

Таа откри дека е во петтиот месец.

-Заслужив да паузирам, ова е благослов од Бога. Го завршив албумот, имав други планови, но овој мал живот е приоритет. Сакав да го кријам мажот и сакам да остане така. Не ми одговара да се знае се. Не сакам да зборувам за приватност, тој не е од јавниот свет, откри пејачката.

Популарно