(ФОТО) Ера Ојданиќ не се откажува од млади девојки: Стариот лисец со кочан на плажа!

Фолк пејачот  Ера Ојданиќ со години важи за голем заводник, и некој кој постојано е опкружен со млади, убави девојки, од кои не се откажува дури ни денес.

Ера веќе некое време е на црногорското крајбрежје,   и додека неговите колеги работат по популарните ноќни клубови, тој  ужива со новата девојка Милица.

Двајцата на плажата во Бечиќи оставаат впечаток  на среќни и задоволни иако разликата во годините е и тоа како  забележлива. Пејачот се однесуваше како вистински џентлмен, па најпрвин тој ја намачка девојката со крема за сончање, а потоа таа  одговори на ист начин, по што следуваше вистинска акција.

По размената на нежности на посланата лежалка, двајца влегоа во вода и на очиглед на присутните капачи се  гушкаа и галеа. Присутните  не тргаа поглед од  69-годишниот пејач и девојката со која тој уживаше во морето, и покрај тоа што веќе знаеја за неговиот мерак на млади девојки.

Мажите со подотворена уста гледаа кон девојката на Ера, додека таа ги сончаше бујните гради и задникот, кои пејачот неколку пати одново и ги мачкаше. Очигледно, тој дел од нејзиното тело нему најмногу му се допаѓа.

А таа ? Таа го гледаше восхитено со влажна уста, додека стариот лисец и го подаваше големиот, тврд кочан… варена пченка!

Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски Острови

Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови.

Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот  Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски,  а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски.

Натпреварот се игра вечерва во 20:00.

(Видео) Ова се првите финалисти на 68-то издание на Евровизија

Вчера во Малме, Шведска, се одржа првата полуфинална вечер на 68-мото издание на Евровизија.

 На спектакуларната сцена настап имаа учесници од 15 земји, а 10 од нив влегоа во големото финале.

Србија, Хрватска, Словенија, Португалија, Украина, Кипар, Луксембург, Литванија, Ирска и Финска се земјите кои добија пласман за финалната вечер која ќе се одржи на 11 мај (сабота) во 21:00.

Погледнете ги  настапите 10-те финалисте од првата полуфинална вечер:

Србија

Кипар

Хрватска

Словенија

Португалија

Ирска

Украина

Луксембург

Литванија

Финска

Инстаграм со нова интересна опција за објавување фотографии

Инстаграм платформата воведува неколку нови функции за своите популарни Stories.

Најважна меѓу нив е функцијата „Откријте“ (Reveal), која им овозможува на корисниците да креираат скриени „приказни“ кои нивните следбеници ќе можат да ги откријат само доколку побараат дозвола од авторот преку приватна порака.

-За да креирате тајни приказни, треба да кликнете на иконата за налепници на горниот дел од апликацијата, да ја изберете функцијата „Откријте“ и да креирате „приказна“ на Инстаграм која ќе биде замаглена за сите корисници, пренесува Tech Crunch.

Компанијата верува дека новата функција ќе послужи како можност за почеток на разговор со пријателите на Инстаграм.

Во апликацијата е интегрирана и функцијата „Додај своја сопствена музика во приказни“, така што корисниците ќе можат да ги споделуваат и своите омилени песни.

Корисниците исто така ќе можат да додаваат рамки, па фотографиите додадени во „приказните“ ќе изгледаат како снимки од Полароид.

Популарно