Официјално писмо на „Комити“: Вие сте голем Македонец на кого му тече Комитска крв

Навивачката група „Комити Скопје“ се јави со свое соопштение и ги повика сите верни членови и оние на кои боите на Вардар им се драги, да го исполнат стадионот на дуелот против Фенербахче, откако успеаја да си ја одбранат Јужната трибина и гордоста. Соопштението на Комити го објавуваме во целост.

Браќа Комити,

Пред нас е многу важен натпревар, играме двомеч за пласман во групна фаза од Лига на Европа, играме против Фенербахче, реномиран противник којшто има големо искуство настапувајќи тука но и во најреномираното натпреварување и заслужува респект…Но натпреварот е важен уште повеќе поради тоа што сме ние сега пред еден сериозен испит, каде треба да покажеме од што сме направени…

Неверојатно е дека бевме испровоцирани и повредени од луѓето од нашето семејство, бевме ставени во позиција да ги браниме вредностите и историјата на клубот и едноставно ни беше фрлена ракавица пред очи, бевме ставени пред тежок испит и беа испитани нашите граници на толеранција, но сега тоа е зад нас, се е подредено пред овој натпревар, забораваме на се и целиот наш фокус е тука…

Градскиот стадион е одбранет, Градскиот стадион повторно ќе биде во својот полн сјај, Градски повторно е црвено-црн! За тоа да биде така и во четврток на 17.08 сме должни сите ние да допринесеме…Имаме кратко време но сосема доволно да се консолидираме и да го наполниме стадионот.

Купувајте карти за Западната трибина, должни сме да ја наполниме како никогаш досега, сега ние ја фрливме ракавицата и немаме никаков избор освен да се прикажеме во најдобро светло и да покажеме дека борбата за одбрана на нашите идеали и вредности не е залудна…Цена на билетот е 300 денари, Блокови на Западна трибина: 25, 26, 27, 28, 29 и 30…Линк каде може да се купат билети онлајн:

https://sales.ticketplus.mk/OnlineSale/?id=314

Секогаш кога било потребно ние сме биле на висината на задачата и така мора да биде и сега. Пренесете го овој повик до сите ваши соборци од трибина, нашето старо членство, на сите оние на кои во вените им тече Комитска крв, Пренесете им дека Вардар живее вечно, и дека Скопје ќе гори на 17.08. во 20ч. Пренесете им дека сме должни со целото наше битие да ја одбраниме честа на Скопје и Македонија!

Пред нас е голем дуел, исто онолку важен како и дуелот со Копенхаген, пред нас е историја…Ние веруваме во Вардар, веруваме во можностите на фудбалерите, но за разлика од другите ние веруваме и во чуда. Едно чудо пред само еден месец стана реалност, Вардар стана Европски првак во ракомет!!!

Веруваме и во уште едно чудо, пласман во Групна фаза од Уефа Лига на Европа…

Ве повикуваме сите вас кои некој ве донел на Јужната трибина да го проследите вашиот првиот натпревар натпревар на Вардар, Поклонете му билет, израдувајте го и споделете ја меморијата која ќе живее се додека живееме ние. Вардар ќе живее се додека љубовта се пренесува од генерации на генерации…Пренесете ја повторно љубовта кон Вардар како што вам ви беше пренесена!

Не подлегнувајте на сервираните провокации, и не дозволувајте да бидете дел од сценарија од кои корист би имале други страни. Навиваме од срце за Вардар!

СОБИР – СОБОРЕН ХРАМ 17ч.

Повик и до фановите на гостинскиот тим од земјава и странство, Немојте ниту вие да бидете дел од провокацијата која има за цел да креира вештачка нетрпеливост таму каде што ја нема. Јужната трибина е нашата светост како и Западната, и билети за Јужна трибина немојте да купувате, за да не бидете дел од едно лошо сценарио креирано против нас и вас…Послушајте го нашиот пријателски повик и сместувајте се на Источната трибина која традиционално е резервирана за гостински навивачи. Доколку веќе сте купиле билети за Јужна, заменете ги за Источната по иста цена се. Вие не сте виновни, но тоа се емоции кои вие како вистински навивачи на вашиот клуб ќе ги разберете доколку се ставите во нашата позиција…

Почитуван господине Самсоненко,

Вие влеговте во Црвено-Црното семејство во вистинска смисла на зборот, влеговте со душа и со целото свое срце, и ние токму така и ве прифативме, со душа и срце…Ни приредивте толку голема радост, и овозможивте да се чувствуваме горди што сме припадници на овој клуб, што во нашите вени тече крв во боите на клубот со свето име. Ние не сме знаеле да прифатиме никого во ова наше семејство претходно на начинот на кој ве прифативме вас. Вие станавте синоним за овој клуб многу повеќе од било кој пред вас, вие како сопственик на клубот станавте икона негова, идол на новите генерации, вие, и покрај вас направивте да има уште десетици нови идоли.

Па не сме ние толку наивни за да ве испуштиме од раце, сега кога се случуваат најголемите успеси на клубот, сега кога ја разбудивте нацијата и и покажавте дека се е можно, дека треба да веруваме во себе…Покажавте дека во ова парче земја има луѓе кои имаат шампионски дух, способни да победуваат имиња кои предходно ни делуваа непобедливи…Вие сте дел од нас, и повеќе од тоа, вие сте голем Македонец на кого му тече Комитска крв.

Како што со жив штит сме спремни да ја браниме и ќе ја одбраниме Јужната трибина по секоја цена, со жив штит сме спремни да ве одбраниме и вас од она зло кое ве опкружува и ви ја одзема енергијата која од вас зрачи. Како секој вистински професионалец и сопственик си одредивте менаџерска структура во клубот и на истата и дадовте доверба да ја води работата, тоа е вистинскиот начин за работа кој е предодреден за успех…но…ете има и исклучоци, и од се срце во името на сите навивачи на клубот би сакале да ви укажеме дека ова раководство на Фудбалскиот клуб не го води клубот во вистинскиот правец…Ова раководство не знае да ги цени вистинските вредности на клубот, не знае да ја цени традицијата и историјата на клубот, и на крај ова раководство не знае да ве цени ниту вас како сопственик…Создаде зла крв таму каде претходно никогаш ја немаше, не оддалечи од клубот кој ни е најблиску до нашите срца…Но доколку вие сметате дека ова раководство е токму она кое е најдоброто и го заслужува нашиот и ваш Вардар и покрај тоа што огромното мнозинство навивачи, Вардарци и спортска јавност не мисли така, тогаш во ред, не се мешаме во неговото работење, како што не се мешавме ниту досега. Но ние сме должни да реагираме за да бидеме корекција на оваа и секоја предходна и наредна Управа, да им укажеме на нивните грешки за да се корегираат, и такви ќе продолжиме да бидеме, затоа што Вардар е нашето семејство, а семејството ги решава сите отворени прашања дома очи во очи.

Вие не можете да си одите од Вардар, затоа што имаме многу незавршени работи заедно, затоа што треба уште долг период за да ја научиме Европа да говори Македонски и чита и пишува Кирилица!!!

30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД !!!

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот до крајот на сезоната своите натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Соопштението кое е објавено на социјалните мрежи на клубот ви го пренесуваме во целост.

„Поради потценувачкиот однос на ПУИГ кон Вардар, нашиот клуб до крајот на оваа сезона нема да настапи на Градскиот стадион во Скопје. И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.

Ние ниту го создадовме, ниту го продлабочивме долгот на Вардар, а згора на тоа континуирано се трудиме истиот да го намалиме. Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!

Вашите имиња ќе стојат засекогаш на столбот на срамот, во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно.

За крај, би сакале да Ви порачаме дека Вардар вам ништо не ви должи. Од денес вие сте тие кои должите. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини!

Вардарци, наши верни навивачи, утре го играме најважниот натпревар. На нашите фудбалери им е потребна поддршка повеќе од било кога. Затоа, масовното присуство на стадионот ,,Борис Трајковски” е неопходно за победа!“,објави Вардар.

Популарно