Дали некогаш сте се запрашале колку вкупно пари има на светот? Одговорот ќе ве шокира

Дали некогаш сте се запрашале колку вкупно пари има на светот? Одговорот не е сосема едноставен, бидејќи под парични вредности денес се подразбираат нешто повеќе поими од самиот кеш.

Тоа што прво ни паѓа на памет кога ќе кажеме пари, е кешот, а економистите тоа го нарекуваат “M0”. Сите банкноти и сите монети во светот на едно место денес би имале вредност од 5.200 милијарди долари.

Следи количината на пари која економистите ја нарекуваат “M1”, а која е сочинета од сиот кеш и сите пари кои се наоѓаат на сите сметки во банките во светот. Тоа се парите кои ги имате или немате во банка на сметка, а кои можете да ги земете кога ќе посакате. такви пари во светот има двојно повеќе од банкноти и монети. Парите во оваа категорија изнесуваат 25.000 милијарди долари.

Под тоа што економистите го нарекуваат “M2” се подразбира сиот износ под “M1” плус сите светски мали, краткорочно орочени заштеди. Во оваа категорија доаѓаме до вкупен износ од 60.000 милијарди долари.

На крајот имаме и категорија “М3”, до која се доаѓа кога на “М2” се додаваат сите долгорочно орочени вредност, институционални пари и сите други влогови. Тука вкупниот износ е 80.900 милијарди долари.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

Популарно