(ФОТО) Како во хорор филм: Млад Србин чуван во кафез цели 7 години

Како во најстрашните хорор филмови, 34-годишниот Радован М, лице со посебни потреби, со години живее во кафез, заклучен со ланци и катанци зад решетки во својата руинирана куќа во околината на Кикинда, пишуваат српските медиуми.

Кафезот во кој престојува овој несреќен човек е сместен во трошна куќа без бања, паркет и други основни услови за живот. Мајката на Радован се самоубила пред две години кога дознала дека има рак, па во куќата живее Радован со својот татко Милан Ш.

Кафезот за својот син го направил пред седум години сметајќи дека тоа е единствено решение.

– Морав да го направам тоа бидејќи Раша некогаш сака да побегне, а има и агресивни испади. Го пуштам да излезе во текот на денот. Некогаш седиме пред куќата. Но, кога имам работа и излегувам, принуден сум да го држам заклучен за да не се повреди сам или некој друг, изјавил Милан.

Вели дека, бидејќи нема бања, својот син го капе во корито.

– Добивам некоја минимална социјална помош со која го хранам Раша. Но, тоа е малку. Раша нема облека, чевли, а најпотребна ни е бања. Сепак, и покрај се, мојот Раша никогаш не е гладен – рекол Милан.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно