(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Одмазда откако Хрватска ја исфрли Грција? Грчките медиуми му монтираа афера на Модриќ со нивна манекенка

После исфрлувањето на Грците, репрезентативците на Хрватска отидоа малку да ја прослават големата победа. Но, грчките таблоиди од тоа направија циркус кој на својот Фејсбук, го објасни поранешниот репрезентативец на Хрватска, Гордон Шилденфелд.

Хрватска во неделата го потврди заминувањето на Светското првенство со нерешениот резултат во Пиреја, откако на Максимир во Загреб победија со 4:1 три дена порано. Грците заслужено испаднаа и сега избраниците на хрватскиот селектро Далиќ одат заслужено за Русија на лето 2018 година.

После неделниот натпревар дел од репрезентацијата се вратил во Хрватска, а некои останале во Атина да го прослават успехот. Хрватските фудбалери имаат долга традиција на играње во грчките клубови, па така актуелните репрезентативци биле дочека од поранешните.

Данијел Прањиќ, Младен Петриќ и Гордон Шилденфелд организирале излегување со Лука Модриќ, Иван Перишиќ и Шиме Вршаљко.

Неверојатно, но грчките медиуми да напишат за афера на хрватскиот капитен Лука Модриќ и тамошната манекенка Риа Цига.

Тоа го натера Шилденфелд преку Фејсбук да ја објасни ситуацијата.

-Ги пречекавме нашите пријатели и секако, како што веќе со години сме врзани со Атина, познаваме и некои луѓе. Така и организиравме посета на еден клуб, во кој свиреше една од најголемите грчи музички ѕвезди, Никос Вертис. Резервиравме маса, бевме таму некои саат време и потоа отидовме понатаму. Но, она што е најважното, покрај седеше мојата сопруга Кристина Марселоу, а не Риа Цига, инаку пријателка на мојата сопруга и грчка манекенка. Таа дури и не беше во овој клуѕб, напиша поранешниот стопер на Хрватска и додаде:

-Срамота е што и направија на Риа. Вистина е, ставија нејзина фотографија покрај нашиот Лука, но во текстот тргнаа да плукаат. Лука не го споменуваат во текстот, но доволно беше да стават негова фотографија. Навистина незгодно, па морав да реагирам. Медиумите во Грција, секако не сите, ги сакаат таквите ситуации. Кога ќе им дојде ѕвезда, а тоа дефинитивно Лука Модриќ е, сакат да измислат скандал.

 

#summer is back🌞

A post shared by Ria Tsiga (@riatsiga) on

 

Missing those sunny days..

A post shared by Ria Tsiga (@riatsiga) on

 

I m in love with my new #shoes @i_love_shoes_com .@sofiadristela thank you for my styling👏🏻👏🏻

A post shared by Ria Tsiga (@riatsiga) on

 

#monemvasia #kinsterna#luxuryhotels #beautifulhotels #beautifuldestinations

A post shared by Ria Tsiga (@riatsiga) on

 

#beautifulhotels #beautifuldestinations #Greece#oporacountryliving #luxury#calmness

A post shared by Ria Tsiga (@riatsiga) on

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно