Притвор од 30 дена за струмичанец што го застрела ловџијата

Струмичката полиција го расчисти случајот во кој 40 годишен жител на селото Рич беше смртно застрелан со ловечка пушка.  Осомничен е 38 годишен струмичанец на кого  судија на претходна ппостапка веќе му одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Притворениот бил дел од осумчлената екипа која пред два дена била на лов на местото викано Медев Рид во атарот на селлото Белотино,  а во непосредна близина на браната Водоча. Од полицијата информираа дека во кобниот момент 38 годишниот струмичанец испукал еден патрон од пушка која не била негова туку сопственост на лице од селото Белотино и го погодил 40 годишниот жител на селото Рич кој во тој момент се движел на околу триесетина метри  по шумска патека низ непрегледна шума.

,,Пријавениот, со намера да  го прикрие настанот, ги известил другите лица кои во меѓувреме дошле на помош, дека Ж.И од невнимание се самозастрелал, притоа ја зел пушката која ја користел сега починатиот и ја  пренел на друго место на оддалеченост на околу 50м.  потпирајќи ја на една грмушка  и враќајќи го петлето  напред.,, вели Хризантема Рендевска – портпарол на СВР СТрумица

Пријавениот  пред да ја врати на сопственикот  пушката со која пукал го извадил употребениот патрон и го фрлил во водите на браната Водоча.

,, Откако повредениот од страна на другите лица  кои биле на лов бил качен на трактор со цел побрзо да му се пружи лекарска помош, пријавениот ја земал пушката со која бил на лов, заминал кон брана Водоча, земал метална жица и го одбравил затворачот на пушката кој бил оштетен, го извадил  и фрлил употребениот патрон во водите на брана Водоча,   а потоа пеш заминал за с. Белотино, враќајки ја пушката на лицето од  кое ја зел  заедно со уште четири неупотребени патрони. ,, информираше Рендевска  

Извршените  проверки по настанот покажале дека ниту пријавениот, ниту починатото лице немале дозвола за поседување на огнено оружје ниту пак биле членови на ловното друштво Беласица. По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот е извршена обдукција, а пријавениот е лишен од слобода и задржан во полициската станица во Струмица. Против него е поснесена кривична пријава за тешки дела против општата сигурност.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно