Ова е најдобриот авомобил во Европа за 2018 година!

Во конкуренција помеѓу 6 финалисти, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross го однесе трофејот Autobest 2018 за « Best Buy Car of Europe 2018».

Од 2001, Autobest секоја година наградува автомобил кој ќе добие најмногу гласови. Гласањето е спроведено од страна на 31 специјализирани автомобилски новинари од 31 европска држава, оценувани врз база на 13 критериуми меѓу кои: сооднос квалитет - цена, дизајн, комфор и технологии како и квалитетот на услугите, расположивоста на резервни делови во целата мрежа.

Како што Citroën C3 беше избран во 2003 од страна на Autobest, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross се истакна над конкурентите и се наметна на ова седумнаесетто издание на доделување на награди, благодарение на оригиналниот изглед, неговиот силен и моќен карактер и свежината што ја донесува во сегментот.

Новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross е претставник на светската офанзива на марката со веќе заведени повеќе од 30.000 нарачки во Европа. Ги воодушевува клиентите со пространоста, генијалноста , модуларноста и осветленоста. Избор од 90 комбинации на персонализација со пет нивоа на опременост во внатрешноста. Инспириран од очекувањата на клиентите, овој "people minded" SUV се отвора кон надворешноста со неговиот подвижен панорамски застаклен покрив. Носител на програмата « Citroën Advanced Comfort® », C3 Aircross ве кани на неповторливо ужување во возењето. За истакнување на авантуристичкиот дух во понудата се наоѓа и функцијата  Grip Control ® со Hill Assist Descent. За максимална удобност и сигурност, располага со 12 модерни технологии за помош во возењето, 4 технологии на поврзаност од кадешто произлегуваат и 5-те ѕвезди од тестовите Euro NCAP.

« Честитки до Линда Џексон и до целата нејзина екипа која ја заслужува наградата AUTOBEST 2018! Во една голема конкуренција, C3 Aircross  се истакна како вистински шампион и ја убеди жири комисијата дека е најдобар избор за автомобил за оваа година. Ова е уште една нова победа за овој SUV. Овој избор е доказ дека жирито ги следи промените на пазарот и новите модерни текови, со формулирање на препорака за европските корисници за купување на автомобил на утрешницата! », изјави Илија Селиктар, претседател на жири комисијата.

Со 426.000 регистрирани возила во Европа во првото полугодие од 2017, Citroën го постигна својот рекорд од последните 6 години и заведе прогресија од +5,6% во споредба со истиот период во 2016. Една година по новиот C3, bestseller во гамата на  Citroën, кој запиша повеќе од 230.000 продажби од неговот лансирање, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross ги следи истите текови на Citroën. 

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно