Им наплатиле 1.100 евра за четири стека, риба и вода во Венеција

Градоначалникот на Венеција и шефот на полицијата се зазедоа за случајот во кој на четворица туристи во Венеција во еден ресторан за четири стека, печена риба и вода има наплатиле 1.100 евра.

Ова е последен од низата случаи во кои на туристи во Италија за ручек им се наплаќаат превисоки сметки.

Четворицата Јапонци, кои студирале во Болоња, поднеле жалба за превисоката сметка за јадење во ресторан во близина на плоштадот Свети Марко.

Групата 25 која се занимава со заштита на потрошувачи во април на Твитер напиша : „Ги браниме локалните жители, но кој и да го стави името на венеција во ризик ги загрозува сите венецијанци“. Тие планираат да издадат брошура, „Да се преживее Венеција“, во пресрет на маскенбалот во недела.

Сопственикот на ресторанот пак, вели дека не се сеќава дека имале некаков проблем со јапонците.

Венеција е скап град, но зголемениот број на туристи ја зголемија тензијата меѓу мив и локалните бизнисмени, па повремено се случуваат вакви инциденти.

Во нември 2017 година, британско семесјтво се пожали на сметката од 500 евра за ручек во близина на плоштадот Свети Марко, а еден од нив вели дека келнерот ја искористил можноста кога видел дека едвај разбираат италијански, за да им донесе скапи јадења.

Тој случај беше само кусо време откако на јапонска двојка за порција јастог во центарот на венеција им беше наплатено 120 евра, но тие успеаја да ја намалат сметката за 40 отсто со помош на друг муштерија.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно