Родителите немаа пари за да се запишам на факултет, но земаа кредит за правење свадба

Многу млади луѓе имаат слична како оваа приказна. Во минатото факултетите не се плаќале, но ретко кој се одлучувал за студирање. Денеска ако сакаш да студираш и да одиш еден чекор напред, мора да имаш некој денар повеќе.

Многу родители, сакаат своите деца да бидат академски граѓани, да завршат факултет, па се жртвуваат на различни начини за да им го овозможат тоа. Се позајмуваат или пак земаат кредити од банките.

Магдалена е девојка од скопското село Инџиково. Родителите и се обични работници, кои земаат едвај минимални плати. Таа има завршено средно гимназиско образовани, како одличен ученик. Уште додека учела и било јасно дека немаат финансии за да го продолжи понатамошното школување. Но, таа сепак се надевала, но она што го посакувала не и се исполнило. Откако завршила четврта година, не се запишала на факултет. Останала дома.

-Бев тажна, скршена. Знаев дека не ми вредат моите петки од средно. Знаев дека никогаш нема да најдам добра работа и покрај тоа што бев одличен ученик и се трудев многу во училиштето. Сите мои соученици се запишаа на факултет, дури и оние кои беа слаби ученици. Но, се помирив со фактот дека моите не можат тоа да ми го дозволат, раскажува Магдалена.

Таа после некој месец, започнала да работи како продавачка во еден маркет. Во рок од една година и се омажила.

-Се омажив млада на 20 години. Во тој момент сфатив дека на моите родители ( а верувам дека се уште ги има такви) поважно им беше мажењето отколку школувањето. Се позајмија и земаа кредит за да направиме голема свадба. Свадба со сите нишани. Гости до трето колено… Парите со години ги враќаа во банките. Свадбата заврши, а јас од таа свадба имам само видео касета ( на тоа време), но пак сум без факултетска диплома, додава Магдалена.

Магдалена денеска е мајка на три дечиња. Вели, никогаш нема да дозволи нејзините деца да останат без диплома, а особено ако силно го посакуваат тоа.

-Моите деца денеска одат на англиски, во музичко училиште и спортуваат. И јас го сакав сето тоа кога бев дете, но немав услови. На моите деца нема ништо да им фали, вели таа.

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Што прво забележуваат гостите кога ќе ви дојдат?

Дали некогаш сте се запрашале што прво забележуваат луѓето кога ќе дојдат кај вас?

Познато е дека првиот впечаток е исклучително важен и тој кај луѓето се создава за само осум секунди, а истото се случува и кога доаѓаат гости во вашиот дом.

Имено, потребни им се само 38 секунди за да ги забележат сите ситници и да почнат со осудување.

Истражувањето кое е спроведено на 2000 возрасни луѓе, покажало дека гостите прво што забележуваат (односно чувствуваат) е мирисот на вашиот дом. Веднаш после мирисот ја чувствуваат температурата, а дури потоа колку е чисто.

Исто така, откриено е дека 3 од 10 лица не му ги откриваат своите забелешки на домаќинот. Од друга страна, 86 отсто од сопствениците на домовите темелно ја чистат куќата пред да дојдат гостите, додека 6 од 10 не се занимаваат со мислењето на другите.

Освен мирисот, температурата и чистотата, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, но и прашината на украсите на полиците.

Популарно