Светлана беше најдобра ракометарка во светот, а сега може да остане на улица

Во изборот на ИХФ го доби признанието за најдобра ракометарка на сите времиња, додека во 1988 година беше најдобра ракометарка во светот. Она што таа успеа да го направи уште на 20 години, многумина не успеаја ниту за цела кариера.

Сепак, како што самата Светлана Китиќ вели, колку што имаше среќа во ракометот и во кариерата, толку нема во другите работи во животот. Таа сега има 57 години и се соочува со огромен проблем бидејќи покрај тоа што има проблеми со здравјето би можела и да заврши на улица.

Станот којшто го купила во 2007 година во Белград бил на кредит во швајцарски франци, па сега ратата е многу поголема и се наоѓа во ситуација од која тешко може да најде излез.

– Сумата беше еднаква на 50.000 евра, но сега има проблем со тоа што ратата стана двојно поголема. Во меѓувреме мојот син се разведе и се врати за живее кај мене. За да му помогнам, подигнав уште еден кредит во готовина, изјавува Китиќ.

Сега некогаш најдобрата ракометарка во светот мора да и плати на банката сума од 66.000 евра или ќе остане без стан.

– Поради долгот во банката се најдов на црната листа и нема начин како да дојдам до 66.000 евра во моментов. Рокот за подмирување веќе помина, а беше до 5 април. Прашав многумина за заем, но немаат толку пари. Првите денови ми беше најтешко. Плачев криејќи се од децата. Сега мојата ќерка вели дека ќе го продаде бубрегот за да ја реши работата. Тоа нема да и го дозволам ниту во лудило, вели Китиќ.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно