(ВИДЕО) Иниеста се збогуваше: Сам седеше на „Ноу Камп“ и неколку часа по завршување на натпреварот

Големиот Андрес Иниеста (34) можеби и најдобриот играч за врска во нашето време, вчера го одигра последниот 674 натпревар во дресот на Барселона.

Новиот шампион го победи Реал Сосиедад со голот на Фелипе Кутињо, но 90.000 гледачи дојдоа да се простат од играчот кој во Барселона помина 22 години.

После доделувањето на пехарот Иниеста одржа и проштален говор на „Ноу Камп“.

„Ова беа 22 прекрасни години и ми беше чест да ги бранам боите на овој клуб, за мене најголем на светот. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи и на сите вас што сте денес тука. Сакам само да кажам дека моето срце ќе биде тука засекогаш“, низ солзи зборуваше Иниеста.

Колку на Иниеста му е тешко простувањето од Барселона говори и фотографијата на која е „уловен“ како сам седи на тревникот на „Ноу Камп“ и неколку часа по празнењето на стадионот.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно