(ВИДЕО) Луксуз во Дубаи: пица, коктел или торта со прелив од злато

Еден од најпрестижните хотели во Дубаи, Бурж Ал Араб е украсен со 1.780 квадратни метри 24 каратно злато, а најнов хит е злато што се јаде. Во хотелот се служат разни пијалоци, како капучино или коктел со злато. Според Си-Ен-Ен, златото нема никаков вкус, но и покрај тоа клиентите на хотелот го нарачуваат.

„Златото е синоним за луксуз“, објаснува Етијен Харо, асистен менаџер за храна и пијалоци во хотелот.

 

Cheers, it’s FRIDAY! #GoldOn27 #BurjAlArab #Weekend Thank you @truthslinger

A post shared by Burj Al Arab (@burjalarab) on

Хотелот за своите златни специјалитети троши околу 700 грама злато годишно, кое го набавуваат од Италија и Индија. Обично се конзумира во форма на златен лист, зрно или лушпи. Тоа нема никаков вкус и е безбедно за конзумирање.

„Дијамантите не се џвакаат, па затоа златото е подобар избор за коктели“, се шегува Харо.

На менито во хотелот може да се најде бела чоколада со злато, посебен мелен т.н. златен прав кој се става на храна или котели, златни коцки шеќер за разни коктели и златен декоративен спреј. Најпознатиот коктел, Елемент 79, наречен по атомскиот број на златото, се состои од безалкохолно вино со лушпи од злато, бои мешани со чисто злато и златен шеќер.

Освен што на гостите им се покажува како е убаво да живеат на висока нога со чаша шампањ со злато, со коктелите се осликуваат и делови на Дубаи. Златната храна и пијалоци се полн погодок, па така во хотелот добиваат се почести нарачки за специјалитети.

Редовен гостин секој месец нарачувал торта прекриена со злато и направена по посебен рецепт. За една автомобилска компанија направиле торта од сирење во облик на крофна со злато, но на некои барања неможат да им излезат во пресрет.

 

Less bitter, more glitter. #GoldOn27 #BurjAlArab #Dubai Thank you @miss_anastasia_u

A post shared by Burj Al Arab (@burjalarab) on

„Еден наш гостин константно бара да му го креираме најскапиот коктел на светот и на тој коктел да го ставиме неговото име“, изјави Харо и додава дека го одбиле тоа барање.

Барбара Сантич, професор за прехрамбени студии на факутет во Австралија смета дека употребата на злато во гастрономијата нема некоја голема важност. Според неа, кога тоа е дискретно употребено може да биде убаво, но доколку сите јадења доаѓаат со злато, тоа би било премногу.

Во хотелот Мериот во Дубаи, златото може да се послужи како прилог за секое јадење, па така во облик на листови или лушпи може да се стави на хамбургер, пица или на салата.

Сепак, најскапата пица со злато може да се најде во „Индустри кичен“ во Њујорк. Таа треба да биде нарачана 2 дена порано и чини 2.000 долари.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно