Магичните броеви на Нострдамус: Замисли прашање, одговорот ќе те одбере тебе!

Мишел де Нотр Дам, познат како 'Нострадамус', бил астролог, лекар и алхемичар, но станал познат во целиотсвет благодарение на неговото претскажување. Неговите предвидувања се оствариле, а се остваруваат и ден-денес, со неверојатна прецизност.

Нострадамус ги пишувал претскажувањата во метафора, но велат дека претскажување на судбина во круг исто така ги смислил тој.

Оваа метода е едноставна е и изненадувачки прецизна.

Затворете ги очите, сконцентрирајте се на прашање кое моментално ве интересира, и ставете го прстот во областа на кругот. Погодениот број е одговор на вашето прашање.

Одговорите погледајте ги во продолжение на текстот:

1. Да. Вие припаѓате на личност која не губи присебност и присуство на дух, дури и во најтешки ситуации. Зато не дигатје раце од решевање на свои проблеми, бидејќи по природа сте издржливи и трпеливи. Ве очекува успех. Имајте доверба во себе и луѓето.

2. Да.Но не денес и не утре. Некои ви стои на патот и се обидува да ве збуни. Не го сфаќајте премногу сериозно. Но, немојте да го потценувате тој отпор. Избегавајте конфликт. Пробајте да најдете позитивно решение за својот проблем.

3. Да. Случувањата во наредните денови ќе ги надминат вашите очекувања. Ако почнете паметно да ја користите својата резерва на енергија, а не да ја трошите за небитни рботи, предноста ќе биде на ваша страна. Во секој случај, имајте трпение и издржливост, како во однос кон себе, така и кон другите.

4. Да. Во овој момент, изгледа ви се насмевнува среќата. Затоа, нема ни една причина за сомнеж во позитивен исход. Среќата ќе ве следи долго. Уживајте во овие среќни недели...

5. Точно. Во овој момент, премногу обрнувате внимание на мислење од другите и зато помалку ја испуштате пријатната ситуација. Немојте да чекате предолго, Дајте им до знаење на другите дека мора да ве почитуваат вас и вашето мислење. Мали тактички игри само доведуваат до заблуда и одат на штета на взаемноа доверба.

6. Се ќе оди малку потешко отколку што очекувавте. Тргајте се на страна од погрешни претпоставки. Другите тоа го гледаат во сосема поинакво светло. Затоа крајно неопходно е да сослушате добар совет од блиска личност и да подлегнувате на лажни надежи.

7. Прашањето за сега е нерешливо. Дајте си себеси време и не ја полнете главата со уште несозреани проблеми. Пробајте да уживате во моментот. Подоцна се ќе се реши. Ако сте многу загрижени, обратете се за помош во магичниот круг за една недела.

8. Внимателно. Пробајте да не верувате се што ќе ви кажат. Држете одредена дистанца за некои работи. Денеска околу вас изгледа се поволно, отколку што навистина е. Бидете внимателни и внимавајте подоцна да не се чуствувате разочарани.

9. Нема сомнеж. Но ќе ви биде потребна помош. Разговарајте со добар пријатели за проблемот кој ве мачи, бидејќи тој е објективен и работите ги согледува трезвено.

10. Да. Но не давајте да ве доведат во заблуда. Покажете повеќе самодоверба и сигурност, тогаш ќе биде се во совршен ред. Во овој момент, можтете потполно да се потпрете на својата интуиција. Подоцна нема да доживеете ни најмало разочарување.

11. Прашањето е поставено прерано. Оставетего за сега на страна, сеуште не е созреано. Бидете попустливи. Ќе ве ценат поради тоа...

12. Многу е можно. Се напредува многу брзо и позитивно, отколку сте замислувале. Важно е да не пробате да се добие впечаток на незинтересирано лице. Обрнете внимание: некој искрено сака да стане ваш пријател.

13. Се ќе се случи не онака како што е планирано. Вие делувате нерешително. Тоа ги доведува до заблуда некои ваши пријатели. Ве сметаат за неправедна личност, што секако не ви оди во корист. Уништете ја оваа слика. Ве сакаат многу повеќе, отколку што мислите.

14. Се ќе биде добро. Но само во случај ако сами покажете активност. Дозволено е се, но не и одложување. Преземете ја иницијативата во свои раце и изненадите ги сите со своја ефикасност и богатство на идеи.

15. Да. Можете да се потпрете на својата среќа. Ве очекува поволен пресврт на судбината. Сега неморате ништо да измислувате, туку само исчекување. Итри планови и дејства ќе ве одведат во погрешен правец и можат да ви наштетат.

16. Сите надежи ќе ви се исполнат. Но, апсолутно поинаку отколку што сте замислувале. Затоа бидете подготвени за било какви промени и не се концентрирајте само на единствена цел. Покажете флексибилност и не отфрлајте ни еден аргумент.

17. Прашањето и понатаму е отворено. Потребно е внимателно да размислете за своите желби, бидејќи вашите чувства не се докрај созреани. Според тоа, премногу очекувате од другата страна. Во наредните денови се останува без промени. Меѓутоа една среќна околност може да внесе јасност на вашиот проблем. Внимателно слушајте го својот внатрешен глас.

18. Кај вас се можни потешкотии. На почеток ќе бидете разочарани, но тоа не значи дека вашите шанси се нула. Сосема спротивно: Разочарувањето ќе ви даде потстрек за позитивен развој. Вашиот круг на пријатели расте, станувате се подобри и стабилни.

19. Недовербата и лутината се уште се далеку од вас.Но, ако набрзо не се ослободите од сопствени сомнежи, ќе расипете се. Ако среќата ве заобиколи, виновник за тоа може да биде вашата скромност и несигурност. Отфрлети ги на страна. Бидете отворени и дружељубиви со други луѓе.

20. Да во овој момент, среќата е на ваша страна. Според тоа нема ни една причина да се сомневате во поволен исход. Уште долго ќе уживате во среќен период.

21. Да. За конечно постигнување на целта останува да вложите сосема мал труд. Бидете смели, ризикувајте и сигурно ќе успеете. Бидете внимателни спрема се што се случува околу вас и имајте на ум – случајности не постојат. На овој свет ништо не е случајно.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно