Се во домот оди некако надолу, постои напнатост и нервоза во семејството…Еве како да ја откриете „негативната енергија“ во домот

Без разлика на тоа дали верувате во “негативна енергија” или не, сепак, таква “лоша” енергија може да биде присутна во вашиот дом. Негативната енергија може да предизвика многу чудни и необични работи во вашиот дом и на луѓето кои живеат во него.

Ако сте започнале да се прашувате зошто целото домаќинство некако се влече надолу, постојано недостигаат пари, меѓу членовите постои напнатост и нервоза, нечеста е депресијата и тагата…можеби е време да размислите да го направите овој тест.

Понекогаш овие енергии си го наоѓаат својот пат до нашите домови без наша вина. За среќа, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ги отстраните овие негативни енергии.

Ако сакате да откриете дали постојат негативни енергии во вашиот дом, постојат неколку техники кои ќе ви помогнат во тоа. Со следниов многу едноставен трик ќе дознаете брзо и ќе дејствувате соодветно.

Периодичното чистење на лошата енергијата може да помогне во одржување на хармонијата на куќата и на сите членови на семејството.

Како се појавува енергијата во домот?​

На местото во кое живееме, исто така, живеат и нашите енергии. Куќата е простор на единство меѓу членовите на семејството, па така, нивните енергии стануваат вообичаени за тоа место.

Нашите емоции, чувства и мисли не само што произведуваат одреден вид на енергија, туку исто така, тие привлекуваат енергија.

Негативната енергија може да дојде во нашиот дом од различни причини. Членовите на семејството се клучни актери, иако и соседите или посетителите може да влијаат, исто така. Дури и зависта на некој кој влегува во вашиот дом може да влијае врз вас.

Доколку постои негативна енергија во вашиот дом, ќе започнете да ги забележувате следниве знаци:

-среќата повеќе нема да биде на ваша страна

-ќе недостигаат пари и постојано ќе ви се “лизгаат” од раце

-односите меѓу членовите на семејството ќе станат поостри

-ќе владее општа дисхармонија, па дури и вашите миленици доколку ги имате, ќе се однесуваат чудно

-ќе бидете повеќе нервозни, немирни и можеби ќе плачете без причина

-билките ќе венеат

-апаратите ќе започнат да се расипуваат

-ќе се кршат чаши и други садови

-нема да се чувствувате комптно и опуштено во вашиот дом.

Овие знаци нема да ги забележите сите одеднаш, па затоа е важно да постојат и други механизми за откривање на негативни енергии.

Како да се открие негативна енергија со една чаша вода?

Прво, многу е важно да се анализира она што се случува во вашата куќа. Многу често тие не се енергии кои привлекуваат проблеми.

Ако мислите дека не можете да го најдете вистинскиот корен на проблемите, тогаш обидете се со овој трик и детектирајте ги сите лоши вибрации:​

1.Земете една чаша од целосно транспарентно стакло. На чашата не смее да има било какви цртежи, боја или резби.

Исто така, имајте на ум дека нема да можете повторно да ја употребите. Ако сте во можност, купете специјално една ваква стаклена чаша која ќе ја користите исклучиво само за оваа намена.

2.Наполнете 1/3 од чашата со морска сол.

3.Дополнете 2/3 од чашата со бел оцет или органска јаболкова киселина.

​4.Последната третина дополнете ја со обична, чиста вода.​

5.Однесете ја чашата во собата од куќата каде што мислите дека лошите вибрации се најмоќни. Тоа може да биде просторијата во која пречекувате гости, во која најчесто се собирате заедно и слично.​

6.Чашата ставете ја во некој скриен агол да отстои 24 часа. Многу е важно никој да не ја допира чашата и да не ја разместува во овој период.

7.Следниот ден треба да се набљудува чашата:

-Ако чашата е иста, онаква како што ја оставивте претходниот ден, тогаш во таа просторија нема лоши вибрации. Чашата пренесете ја во друга просторија и повторете ја постапката на ист начин.​

-Ако во чашата се појават меурчиња како во газирана вода, ако се замати или се обои зелено или било што да се случува чудно со чашата, тоа значи дека во просторијата постојат енергетски проблеми.

Во тој случај содржината од чашата треба да се истури во тоалетната школка, а чашата да се измие многу добро.

Потоа додадете ги истите состојки и повторете ја постапката во истата просторија, за следните 24 часови. Повторете онолку пати колку што ќе биде потребно.

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно