Тинејџери 3 дена живееле во напуштен објект и имале секс: Таткото на девојчето го пријави случајот во СВР Штип

Во Секторот за внатрешни работи Штип, вчера во 15 часот, 39-годишен маж пријавил дека на 16.07.2018 година неговата 14- годишна ќерка го напуштила домот и заедно со 16- годишен малолетник заминале во напуштен објект, каде престојувале три дена и имале сексуален однос.

По Наредба на Јавен обвинител над девојчето бил извршен преглед.

Од страна на полициски службеници бил извршен разговор со малолетникот во присуство на родител и по целосно комплетирање и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мицкоски: Сега сите пари ќе одат кај Вицето

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео изјава за медиумите изјави дека веќе не се сомнева дека сите пари од државата ќе одат кај Вицето.

Овој негов став е по обелоденувањето на намератапремисерот Зоран Заев да биде и министер за финансии.

Оќоравената војска на Самоил е Македонска!

Актерот Владо Јовановски на својот Фејсбук-профил објави интересен статус во кој го коментира потеклото на истакнати личности од македонската историја, со акцент на царот Самоил.

Цар Самоил имал тројца браќа, Давид, Мојсеј и Арон. Значи, Самоил, Давид, Мојсеј и Арон. Исто како што старозаветниот пророк Мојсеј  имал тројца браќа… Самоил, Давид и Арон. Значи, Мојсеј, Самоил, Давид и Арон. Чудна ‘случајност’!

За Цар Самоил некои велат дека бил Ерменец…Ерменец или Арамеец (народот кој го говорел јазикот што го говорел Христос – Спасителот), јас не знам? Но, сега е полесно… За такви дилеми сега, нека си ја к’цат главата, Ерменците, Арамејците, Бугарите и сите кои претендираат на него, дека е нивни цар. Нивна работа… Нам, пак, лесно ли ни беше, што со векови го славевме како НАШ…?! А? Лесно ли ни беше…?

Единствено нешто во кое скоро сто отсто сум сигурен е дека оќоравената војска на Самоил е македонска! Гарант. Барем за 99 од 100 војници во редот тврдам дека биле Македонци! ‘Пред фактите и вистината и Боговите молчат’!“, пишува Јовановски на Фејсбук.

Од денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, денеска ќе ја соопшти новата одлука за цените на горивата. Минатата недела цените останаа скоро исти, без некоја драстична промена.

Мала промена имаше само „Супер 95“ кој сега се продава по цена од 67 денари, додека „Супер 98“ остана 69 денари за наточен литар гориво.

Останатите нафтени деривати се точат по цени исти како претгодната недела.

Новите цени на нафтените деривати РКЕ ги пресметува по новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите.

Популарно