iPhone Xs пристигна во Македонија!

Одлични вести! Сите заинтересирани може да ги најдат новите смартфони на Apple по одлични цени во Ledikom.mk!

Како што веќе знаете, Apple претстави три нови iPhone уреди, меѓу кои беше следбеникот на iPhone X, Xs, и неговата поголема верзија, Xs Max. iPhone Xs Max доаѓа со голем, 6.5 инчен дисплеј - всушност, најголемиот панел досега виден на iPhone. Интересно е што покрај големиот екран, целосните димензии на Xs Max се речиси исти како оние на iPhone 8 Plus или iPhone 7 Plus. Станува збор за 6.5 инчен OLED панел со истиот, висок 19.5:9 сооднос како кај iPhone X. Резолуцијата е подобрена од 1125 x 2436 на 2688 x 1242 пиксели.

Од друга страна, iPhone Xs, истотака познат како директниот следбеник на iPhone X, доаѓа со 5.8 инчен OLED панел и исти димензии, но подновен со нова боја и подобрени внатрешни перформанси.

Во внатрешноста на двата уреди, се наоѓа новиот Apple A12 Bionic - првиот 7nm чип во светот и според Apple, "најпаметниот и најмоќниот чип досега виден во смартфон". Придружен е од 4GB RAM и 64/256/512 GB меморија.

Во однос на камерите, иако станува збор за истото 12 мегапикселно дуо на задната страна и селфи камерата од 7 мегапиксели, Apple ги има подновено со неколку нови функции. Smart HDR е една од нив. Функцијата прави неколку фотографии со различни вредности на експозиција кои потоа се складираат заедно за да се создаде една слика со многу подобар динамички опсег отколку што би можела камерата сама по себе да произведе. Покрај тоа, уредот доаѓа со нов и подобрен Portrait Mode, како и подобри слики и видеа при ниска светлина. 

Како што рековме, сите заинтересирани може да ги најдат iPhone Xs и Xs Max во Ledikom.mk од 22 септември. Во моментот телефонот е достапен за оние со преднарачки, додека од понеделник е достапен за сите. Побрзајте, количините се ограничени!

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно