Нинџа: Хард дисковите од камерите во Собранито завршија во Вардар

Од клупа во Градскиот парк Нинџа ноќта на 27 април патот го продолжил во база на Петтата управа на МВР. 45 минути по 22 часот, според исказот на Нинџа, Бошкоски му кажал дека ќе го земе некој инспектор. Локацијата на базата обвинетиот не ја кажа, но откри дека кога стасал таму, зад капијата го чекале Никола Бошкоски, тогашен началник на УБК и Сашо Марковски, исто така вработен во УБК. Пред судот обвинетиот откри дека причината зошто биле таму било уништувањето на хард дисковите од безбедносните камери во Собранието.

„Разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Имаше работилница која беше за потребите на службата. Бошкоски му се јави на Владимир Атанасовски, кој, пак, му даде наредба да се уништат хард дисковите. Беа црни, отприлика 20х20. Сашо Марковски ги стави на преса и почна да ги уништува. Иако веќе беа скршени тој со ножици за метал продолжи да ги сече“, рече во својот исказ обвинетиот Нинџа.

По ова тој заедно со Никола Бошкоски се упатиле кон Автокоманда, но пред да стигнат на локацијата кон која тргнале, според исказот на Нинџа, застанале кај Ќерамидница и Бошкоски истурил цела кеса со уништени хард дискови во Вардар.

Нинџа посочи дека тука Бошкоски му појаснил дека Марковски уништувањето на хард дисковите го направил со хируршки ракавици и дека откако ги уништиле нема да има докази за нивните движења во Собранието. Својот исказ за 27 април обвинетиот Нинџа го заврши со тоа дека 45 минути по полноќ заминал дома.

По ова тој рече: „Ова е судија вистината за 27 април од моја гледна точка. А ова е само мал дел“ и продолжи да зборува за следниот ден.

Обвинетиот откри дека ден по настаните во Собранието, по наредба на Бошкоски требало да бидат избришани сите камери од „сејф сити“ (проектот за побезбеден град во кој МВР постави камери низ Скопје). Периодот во кој бил во бегство Нинџа го оправда со тоа што рече дека имал притисоци од Горан Грујевски. Собрал храброст да се предаде на полицијата во консултација со неговите адвокати.

Збпоруваше и за телефонската комуникација со неговиот брат, тогашен обезбедувач на поранешниот премиер Никола Груевски. СМС пораките кои си ги разменувале се дел од доказите на обвинителството. Нинџа појасни дека на неговиот брат му се јавувал и му праќал пораки додека бил на работен состанок во Виена, бидејќи тој бил загрижен за  здравствената состојба на нивната мајка која боледувала од карцином.

Мкд.мк

Заев не го знаел законот - се повлекува од позицијата Министер за финансии

Премиерот Зоран Заев ќе го повлече предлогот истовремено да биде министер за финансии.

Седницата за избор на нови членови на Владата требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина.

Засега ќе нема предлог за нов министер за финансии, но не се знае ни дали Драган Тевдовски ќе остане на функцијата.

Антикорупциска: Заев не може да биде министер за финансии

Премиерот Зоран Заев истовремено не може да биде министер за финансии, но може да раководи со ресорот, објаснува за Фокус претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

-Законот за антикорупција е јасен и јасно предвидува дека премиерот истовремено не може да биде министер и дека овие две функции се непоиви. Меѓутоа, Законот за влада му дозволува да раководи со одреден ресор во одреден период во определни услови – вели Ивановска.

Целиот текст на Фокус

Муареми: Комплетно ќе прочешламе како Иванов дошол до становите

Директорот на финансова полиција во вечерашното гостување во 24 Отворено изјави дека се испитува и потеклото на имотот и на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска посочи дека доколку Антикорупциска утврди дека имотот на одреден функционер се зголемил значително повеќе во однос на неговите примања, може да отвори постапка за испитување на имотната состојба. 

„Ние отворивме постапка за испитување на потекото на имотот на поранешниот претседател. Тоа не е едноставна работа и соработуваме не само со финансиска полиција и со многу други институции кои треба да ни обезбедат податоци. Дел од тие податоци се обезбедени и другиот дел од истрагата се води во финансова полиција и додека не се заврши се е во тек“  изјави Ивановска.

„Факт е дека имаме законска обврска да соработуваме и од страна на ДКСК има побарано асистенција да се помогне во делот на водење на финансиската истрага и утврдување на точната разлика којашто е од имотот кој е пријавен на легален начин и имотот кој не е пријавен, односно да се утврди делот колку е разликата од непријавените приходи. Управата на финансика полиција е спремна во делот на водење на вакви истраги, но тоа е макотрпна работа и може да трае подолг временски период од тоа што мое да се очекува. За истиот случај е известено и ЈО дека водиме таков случапредмет заедно и доколку и тие имаат одредени насоки мое да ги дадат“ - изјави Муареми.

Тој посочи дека во оваа фаза на истрагата се бара се и потеклото на парите, од каде се и на кој начин е стекнати и дали становите се стекнати преку компензација.

Популарно