Нема да верувате каква диплома има Милан Калиниќ

На јавната сцена ги има и оние кои се со диплома која најмалку ја очекувате, како што е примерот на Милан Калиниќ. Имено, популарниот водител е пилот, со завршена Воздухопловна академија во Вршац.

Денеска сите го знаеме како водител и глумец, но многу малку е познато дека Милан во 1995 година завршил Академија за пилоти.

Во тие години следел тежок период за ЈАТ. Му биле потрбни огромни пари на Милан за да пилотира, а пари немал. Затоа некои пријатели го советувале да се запише на глума, на тогашниот БК Универзитетот кој само што бил формиран.

"Знаева дека театарот е моја голема љубов, и дека често после училиште одев да гледам претстави", раскажал Калениќ во една прилика.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Популарно