Видео:Дали Вардар е оштетен во Тетово?

Денеска Вардар со 1-0 го загуби дербито со Шкендија во Тетово, но Вардарци со право се бесни на судиите кои не им признаа чист погодок на Филип Најдовски.

Вардар уште еднаш загуби од Шкендија и сега има осум бода помалку од лидерот, негатива која е тешко достижна.

Од таборот на Вардар се бесни на судиите, бидејќи Филип Најдовски постигна прекрасен гол од голема далечина, топката удри во пречката и ја мина гол линијата, тоа јасно се гледа од повторените снимки, но арбитрите дадоа знак играта да продолжи. Вардар беше оштетен.

И на претходниот дуел меѓу Вардар и Шкендија, скопскиот тим беше оштетен. Тогаш тетовскиот тим победи со гол кој беше признаен иако топката со целиот обем не ја мина гол линијата.

„Честитки за момците, денеска дадоа се од себе. Секогаш е тешко на првиот натпревар по припремите, плус три играчи ги имавме на една недела пред почетокот на првенството. Не бевме на ниво денеска, особено во првите 30 минути од првото полувреме. Второто беше подобро и веќе следниот натпревар ќе бидеме на нивото на кое посакуваме“, вели Васоски.


Но сепак иако не е наш стил да го коментираме судењето, сепак како на првиот така и на вториов натпревар со Шкендија сме драстично оштетени. Со што го заслужи Вардар овој третман, со што ФК Вардар пречи во својата работа. И ние сме луѓе од крв и месо и ние вложуваме труд, мака и работа. Зошто да го губиме нашето здравје од нервози за неправдите кои ни се нанесуваат. Зарем е тешко минута да се почека и дечките кои гледаат пренос на ФФМ да се консултираат. Сепак ние сме голми и ќе честитаме победа иако е незаслужена“.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно