Фото: Како изгледа победничката на Евровизија после една деценија

Таа беше победничката на Евровизија од 2010 година речиси нема човек што не ја памети, како неа така и нејзината певлива песна која се уште до ден денес се врти по радио станиците.

Станува збор за Германката Лена Мајер Ландрут која во 2010 година и ја донесе победата на Германија со песната „Сателит“.

Деветнаесет годишното слатко девојче веднаш стана миленичка во цела Германија па една година подоцна на барање на народот повторно ја претставуваше Германија бранејќи ја минатогодишната нејзина победа.

Откако два пати пееше на Евровизија се стекна со голема слава низ цела Европа, а особено во Германија стана мега популарна.

Пејачката денес осум години подоцна се уште се занимава со музика и изгледа многу поразлично од тогаш, погледнете.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45), која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, го изгуби профилот на оваа социјална мрежа поради говорот на омраза кон Црногорците и Црна Гора.

Со објава на Икс (поранешен Твитер), нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ потврди дека профилот на Карлеуша избришан, но дека работат на тоа да го вратат.

„Поради многу пријави на профилот на Јелена Карлеуша, од бот-профили на различни IP адреси, настана привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред“, напиша Бирташевиќ, но бргу ја избриша објавата по бројните коментари од корисниците на социјалната мрежа, кои тврдат дека не станува збор за ботови, туку за незадоволни луѓе со име и презиме.

„Јас не сум бот, ја пријавив трипати, со име и презиме, од иста IP адреса. Нека си ги реши психичките проблеми и нека продолжи да се занимава со тоа што го правеше и досега – евтина порнографија и обезбедување приход за пластичните хирурзи“, напиша еден корисник, а потоа следеа и други коментари.

Во последните две недели, Јелена Карлеуша постојано имаше изливи на говор на омраза на национална и верска основа кон граѓаните на Црна Гора. Таа го негираше суверенитетот на таа земја, ги навредуваше граѓаните на Црна Гора, ги нарече екстремисти и закана за Србите и Србија, па дури и побара од нејзините следбеници да престанат да летуваат во Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Политиката на Инстаграм јасно наведува дека таргетирањето, говорот на омраза против кое било малцинство, нација, религија, група и слично е забрането. Поради пријави од овој тип, Инстаграм ги брише профилите на своите корисници.

Тензично во Малме пред Евровизија! Израелската претставничка предупредена да не излегува од хотелот

На израелската претставничка на овогодинашната Евровизија, Еден Голан, ѝ беше препорачано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на оваа манифестација, поради пропалестинските протести во Малме, шведскиот град каде што се одржува натпреварот.

Од полицијата ѝ рекле да остане подалеку од очите на јавноста освен за време на настапите, објави „Еуроњуз“.

Таа пристигна во Малме овој викенд, среде силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар.

Повиците за бојкот на настанот одамна пристигнаа, а повеќе од 1.000 шведски уметници побараа да се забрани учеството на Голан, како и 1.400 фински уметнички работници.

Во петокот во Малме беше запален Куран, додека, како што пишува „Тајмс оф Израел“, еден од сторителите на палењето на муслиманската света книга бил завиткан во израелско знаме, додека палестинското знаме било газено.

Натпреварот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.

Популарно