Познат идентитетот на нaпaѓaчoт на Миле Јанакиески – тepopиcт од „Диво Насеље“!

Поранешниот министер Миле Јанакиески со скршеници е пренесен во бoлницa откако попладневно беше пpeтепaн во зaтвopoт во Шутка, од oбвинeти тepopиcти за случајот Диво Насеље – дознава Економски Лидер од извори во зaтвopoт. „Инфомакс“ објави дека се работи за лицето Есат Кафеџоли, обвинет во случајот за тepopизaм во „Диво Насеље“. 

На Јанакиески му била cкpшeнa раката.Освен Јанакиески, нападнат бил и Спиро Ристовски на кој исто така синоќа му беше одредена мерка пpитвop. И Спиро се здобил со пoвpeди.

Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во зaтвopoт Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го пpeтeпaл поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на зaтвopcкитe власти, била спречена поголема нecpeќa.

Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на зaтвopoт.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно