По анкетатата за непостоечката манекенка, на која „паднаа“ неколку јавни личности, се крена голема бура на социјалните мрежи.
Една од оние кои рекоа дека слушнале за менекнката е и фолк-пејачката Сања Сани Гроздановска, која по навредувачките коментари се огласи на Фејсбук.
„Колки биле желни луѓето за исмејување и фаќање сеир… Затоа и сме бедна држава и тонеме секој ден!!! Секое чудо за три дена! Тие што не ме познаваа, ме дознаа! Добредојдовте во шоу-бизнисот! П.с споделувајте го постот повеќепати ве молам, пишува на својот Фејсбук пејачката.
На ова ѝ возврати и поранешната манекенка и ТВ презентерка Светлана Црнокрак.
„Во секој случај паметно изигра и ти и сите“, упати поддршка Светлана пејачка Сани, во коментар на статусот на Сани.