Македонец вработен во Швајцарска пошта крадел накит и мобилни од пакети

Македонски државјанин бил осуден на условна затворска казна поради тоа што крадел накит и мобилни телефон од пакети во поштата во Фрауенфелд, Швајцарија каде што бил вработен.

Ова е втор случај годинава македонски државјанин вработен во швајцарската пошта да биде осуден за кражба, откако претходно друг нашинец украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија.

Во последниот случај станува збор за 27 годишен државјанин на Македонија, кој со сопругата живее во Швајцарија од 2012 година. Според обвинението, поштарот отворил околу 300 пакети во текот на летото 2016 година, крадејќи накит, часовници и мобилни телефони.

Обвинетиот, кој признал дека сторил прекршок, бил прогласен за виновен за комерцијална кражба, загрозување на безбедноста на поштата и за перење пари. Поради тоа Окружниот суд во Фраунфелд го осуди на условна затворска казна од 16 месеци која ќе стане активна ако во наредните две години направи друго кривично дело.

Тој ќе мора да плати 7.000 франци отштета на поштата, 4.300 франци за правните трошоци и 8.500 франци на адвокатот.

Од истрагата било утврдено дека обвинетиот во летото 2016 годин урл најмалку 52 предмети од пакетите, а истите ги продал за сума од 24.000 франци. Пет мобилни телефони му испратил на татко му во Македонија. Со парите платил долгови, како операција на неговата мајка. Откако бил откриен, тој поминал еден месец во притвор, а Поштата веднаш го отпушти.

Тело на мртва 26 годишна девојка пронајдено во куќа каде била под кирија во Штип

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.

Возила на полицијата и на Итната медицинска помош биле пред куќата, а насобраните луѓе се прашувале што се случило.

Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.

Ненадејно почина сопругата на познатиот македонски бизнисмен

Сопственикот на бензинските пумпи МАКОИЛ Мите Јовановски на социјалните мрежи објави дека починала неговата сакана Тања Мојсовска. 

– Почина мојата сакана, ќе биде изложена во црквата СВ.Јован крстител во Бутел од 13:30 до 14:30 понеделник, објави Јовановски вчера на социјалните мрежи.

МВР денеска соопшти дека на 28.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Млад фудбалер почина на терен

Станува збор за Анхел Оједа (23), кој ги бранеше боите на клубот Педро Фере, а трагедијата се случи на нивниот дуел против Ситрекс. Несреќното момче настрада во десеттата минута од второто полувреме, кога со глава удри во ѕид на работ на теренот, кој немаше никаква ограда за одвојување.

Оједа веднаш бил префрлен во болница, каде што починал набргу поради крварење во мозокот како последица на тешка траума. Клубот Педро Фере се збогува од својот фудбалер пред клупските простории, со аплаузи и знамиња додека поминуваше погребната поворка. Вознемирувачкото видео погледнете го на следниот линк:

Извор Спорт 1 

Популарно