(ВИДЕО) Пендаровски: Душата ќе му ја извадат на тој што го смени името

Претседателскиот кандидат на СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски најавуваше дека слободарските граѓани ќе му ја извадат душата на тој што ќе го промени името на државата.

Истиот тој Пендаровски сега го прифаќа името Северна Македонија и во јавноста се обидува тоа да го презентира како разумно решение.

Пендаровски претходно изјави дека не може туку така да се смени името, па дури и тврдеше дека илјадници граѓани душата ќе му ја извадат на тој што ќе го направи тоа.

“Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името и никој нема да знае и утре ќе се викаме не знам како. Не може, мора да дојдеш во институции. Во тој момент јас ви тврдам, сите што беа, до последен, десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го поддржал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е”, велеше Пендаровски.

Џамбаски: Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно излегува со изјава која може да ги разгори духовите во Скопје и во Софија. Тој во изјава за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и оти тој не може да биде ништо друго освен Бугарин.

Според него, за  Бугарија, Македонија никогаш нема да биде ниту северна, ниту јужна, ниту горна ниту долна, туку само една и братска втора бугарска држава на Балканот.

-Не можеме да продолжиме да го правиме дека не ги гледаме овие злоупотреби, провокации и фалсификати извршени од Скопје.. Ја отворивме вратата на Македонија кон НАТО преку Спогодбата за соседство..Сега зборуваме за идното членство на Македонија во Европската Унија. Ова членство поминува само преку препознавање на историската вистина. А  таа е следна. Политичка македонска нација постои по 2 август 1944 година. На овој датум, банда бугарски болшевиците и шумкари, национални предавници се собираат во подрумот на манастирот “Прохор Пчински”, користејќи за алиби на собирањето големиот бугарски христијански празник Илинден и прифатат т.н.декларацијата на АСНОМ или “Антифашистичкото народно собрание на Македонија”. Ова се случува под диктатурата на Коминтерната и Москва. По одлуката на Коминтерната да создаде и спроведе т.н. “Македонска” нација во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската, српските и грчкките комунистички партии  ја земаат оваа национално-предавничка директива “вооружување” и работат за нејзиното спроведување.Пред овој датум, 2 август 1944-та година – Илинден, нема никакво сомневање и не може да има никаков спор за карактерот, самосвеста и самоопределување на населението во денешната Вардарска Македонија. Тие се несомнено, недвосмислено и категорично бугарски, смета Џамбаски.

Заев не го знаел законот - се повлекува од позицијата Министер за финансии

Премиерот Зоран Заев ќе го повлече предлогот истовремено да биде министер за финансии.

Седницата за избор на нови членови на Владата требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина.

Засега ќе нема предлог за нов министер за финансии, но не се знае ни дали Драган Тевдовски ќе остане на функцијата.

Антикорупциска: Заев не може да биде министер за финансии

Премиерот Зоран Заев истовремено не може да биде министер за финансии, но може да раководи со ресорот, објаснува за Фокус претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

-Законот за антикорупција е јасен и јасно предвидува дека премиерот истовремено не може да биде министер и дека овие две функции се непоиви. Меѓутоа, Законот за влада му дозволува да раководи со одреден ресор во одреден период во определни услови – вели Ивановска.

Целиот текст на Фокус

Популарно