За жал мајката на Пино имаше право

Безживотното тело на Пинета Секондо – Пино денеска е пронајдено во атарот на селото Љуботен. Момчето се водеше за исчезнато од 10 декември минатата година .

По еден месец е идентификуван. МВР поднесе кривична пријава против две лица, Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје. За А.Ѓ. МВР открива дека се работи за женско лице.

Во февруари, трети месеци по исчезнувањето на Пино, неговата мајка, Маја Трпковска, во изјава за 24 инфо ја обвинуваше полицијата за неажурност.

Пренесуваме дел од нејзиното сведочење од 18 февруари 2019 година.

Дента пред да исчезне, Пино со радост ја очекувал мајка си и помалиот брат да пристигнат од Италија.

Наредното утро со помалиот син со автомобил дојдовме од Италија за да го земеме кучето. Пино и татко му веќе имаа купено авионски карти за 23 декември за да дојдат во Италија за Божиќ, а јас со помалиот син и кучето со автомобилот да се вратиме назад. Кога стасав сабајлето, сопругот, кој беше дома, видел дека го нема Пино, му ѕвонеше на службениот и на приватниот мобилен телефон. На почетокот телефоните ѕвонеа, тоа беше 6.42 часот. Во 7 часот и двата мобилни наеднаш беа недостапни. Значи некој ги исклучил двата телефони наеднаш, бидејќи не може истовремено да се исклучат. Сопругот ми кажа дека Пино заминал кај пријателката Ангела во населбата Ѓорче Петров и дека ќе се врати брзо. Пино секогаш кажува каде оди, се јавува ако задоцни или ако преспие некаде. Сопругот замина на работа, а јас почнав да се јавувам по болниците да прашам да не имало некаде сообраќајка, да не му се има нешто случено. Кога се врати сопругот, отидовме во полициска станица да пријавиме, иако ни рекоа дека треба да поминат 24 часа. Но, јас си го знам детето, никогаш не оди никаде без да каже. И вечерта рекол дека ќе се врати брзо, вели Маја.

Таа е револтирана од македонската полиција, која според неа, ништо не презема за пронаоѓање на нејзиниот син. Се сомнева дека во исчезнувањето на нејзниот син се вмешани две момчиња од Скопје. Едниот е син на сопственик на познат ресторан во скопската населба Аеродром. Според неа, во прашање е понуда од 200.000 евра за тендер, најдена во компјутерот на нејзиниот син. Пино е вработен во италијанска фирма која учествува во изградба на автопатот за Бугарија.

Откако случајот е пријавен во полиција до сега се сменија четворица инспектори. Истата вечер кога пријавивме првиот инспектор ми се јави и на висок тон ми рече „со кое право вие пријавувате за исчезнато лице, тој е возрасен, зошто да го пријавувате за исчезнат“. Бев фрапирана. Утредента отидов во полиција, го пријавив и побарав случајот да го води друг инспектор. Откако пријавив, 15 дена потрошив да ги убедувам дека мојот син не е пиј*ница, не е коцкар. Мене инспекторите ми викаа „син ти е пијаница“. Го викнаа и мојот сопруг во полиција и го убедуваа во истото. Ако е така моето дете немаше да вози и да патува секој ден во Ранковце, каде што му е работата. Тоа се 70 км пат до таму и 70 назад. Син ми освен едно кафе на ден, ако е тоа порок, ништо друго не конзумирал, се сеќава Маја.

Во меѓувреме, другарите почнале да го бараат, по кафулињата каде што излегува, барале по улици… На крај дошле во ресторанот каде што Пино често одел.

Всушност, Пино од летото почна да се дружи со синот на сопственикот на ресторанот и со уште едно дете, но тие не му беа вистински пријатели. Кога другарите влеге во ресторанот, не дошол синот на газдата, туку другото момче и ги прашало „што се дошле овде? И Македонија да ја превртите Пино нема да го најдете. Ако сакате нешто да дознаете мене треба да ме прашате“. По ова децата си заминале и дојдоа мене да ми кажат. Веднаш им кажав на инспекторите. По два-три дена истото момче дошло кај еден од другарите на Пино и му покажал СМС порака на телефонот и кажал дека пораката се разменува меѓу познаниците на Пино, но детево не успеало да ја прочита цела. Наводно пишувало „Ќе видиш сега за 3-4 дена ќе го најдат Пино претепан, зашто Пино нешто ветил, а тоа што го ветил не го исполнил“. Веднаш ја известив полицијата за ова по што случајот го презедоа инспектори од Одделението за насилен крим*нал. По ова полицијата веднаш повика на информативен разговор група од десетина деца каде меѓу кои се вртела пораката. Од сите тие што се испрашани, во полицијата останаа тој што му се правеше другар и синот на газадата на ресторанот, како најсомнителни – вели мајката.

Во меѓувреме Маја ангажирала хакери на кои им го дала комјутерот на Пино. Тие ги провериле неговите профили на социјалните мрежи, а успеале да го лоцираат и неговиот мобилен телефон пред да се исклучи. Тие во компјутерот нашле понуди за набавка на работни машини во вредност од 200.000 евра.

Во компјутерот најдовме понуди направени од страна на синот на газдата на ресторанот. Полицијата ги стави нив двајца на полиграф и веднаш по испрашувањето ги пушти. Не знам дали ги прашале за фирмата, за понудите, но полицијата мене тоа не ми го кажува. Затоа повторувам, не знам што прашања им поставиле, но по ова полицијата како да престана да работи на случајот и не прави ништо, револтирана е мајката.

Таа вели дека со полицијата последен пат се слушнала пред две недели.

Последен пат ѝ се јавив на инспекторката и ја прашав дали ја провериле банкарската сметка на Пино, дали во меѓувреме некој вадел пари од сметката. Ми рече дека ја провериле во декември, а сега е февруари. Како може да не проверуваат? Или, пак, не се способни да работат. Јас не можам да ги затворам банкарските сметки на син ми бидејќи е полнолетен. Јас ниту броевите што се вртени од неговиот приватен телефон не можам да ги дознаам. Броевите од службениот можам бидејќи тој број се води на име на фирмата. Девојката Ангела ме пријави во полиција бидејќи сум ѝ досаѓала на телефон. Па нормално дека ќе ја барам, јас си го барам детето. Она нон стоп истото го вели, се виделе, стоеле пред зграда кај неа и Пино ѝ рекол „уморен сум и ќе си одам дома“. Значи од местото ние каде што живееме, да стасаш до Ѓорче Петров ,има 30 километри и по 15 минути веднаш да си заминеш од таму. Според мене, таа го има измамено син ми за да дојде итно кај неа. Ние не ја познавме девојката. Единствен што знаеше каде е Пино и со која девојка отишол да се види е еден од тие двајца што му се правеа пријатели. Таа го има излажано да оди во Ѓорче, вели Маја.

Според неа, последен пат Пино е снимен на камерата што е на излезот од Скопје, кај клучката за обиколницата во Сарај каде што завртел за да си оди дома.

Таму е снимен во 22.40 минути. Ни кажаа дека приватниот телефон утрото кога звонел татко му во 6.42 бил лоциран на клучката Арачиново-Стајковци-Ченто. Работата е што таму сигналот го фаќа и Инџиково, каде што живее едно од двете сомнителни момчиња. Кога ни ја кажаа локацијата, со другарите на Пино го пребарувавме теренот, ендеците… Јас ѝ го кажав ова на полицијата, но ништо од нив, никаква соработка. Ниту Ангела не е викната на полиграф, а зошто, не знам. Само ми кажаа дека ја испрашале и толку, а таа е единствена што не е викната на полиграф. За полицијата доволно било тоа што го кажала во исказот. Не е доволно тоа што го кажала. Мене самите полицајци ми кажа дека Анегла веќе имала кри*инално досие во полиција. А единствени од сите другари што ја познаваа е братучетка му на Пино и еден од тие двајцата што му се правеа другари, вели Маја.

Таа објаснува дека Пино во фирмата влегол како преведувач бидејќи знаел италијански, македонски, англиски и романски јазик. Кога виделе дека добро работи го унапредиле и го ставиле да работи логистика.

Практично правеше понуди за помали набавки – за вода, апарати, хартија за принтер. Прв пат направил вака голема понуда. Синот на газдата ја измислил оваа понуда. Како може тие две деца, од кои едниот работи кај татко му, а другиот се уште учи да имаат толку пари за машини. Најдобриот другар на Пино и внука ми ми кажаа дека син ми им кажал дека не се само тие двајца и дека зади нив имало некој поголем, но не смеел да им каже кој е тој. Тој ги имал машините или парите, зашто на понудата пишувало ако одлучи фирмата да земе од нив, тие за пет дена ќе ги донесат машините. Значи тој некој ги имал веќе на лагер машините. Полицијата ништо не направи. Амбасадата на Италија во Македонија многу ни помага во овие тешки моменти. И тие се сомничат дека зад исезнувањето на Пино стојат тие двајца. Копиите од понудата ја имам, а ја има и полицијата. Симптоматично е што понудите од другите фирми се професионално подготвени. Големи фирми кои конкурирале на тендерот со портфолио, деловни телефони, веб адреси и адреса на фирмата. А сомнителната понуда има само меил адреса со име и презиме од газдата на ресторанот и еден мобилен телефон, вели Маја.

А телефонот што стоел на понудата го користел синот на сопственикот на ресторанот. Сепак, Маја го напишала бројот на Гугл и дознала дека некое трето лице на Фејсбук огласува продажба на мобилни телефони. Во меѓувреме, се што било огласувано во 2018 година од тој број било избришано. Сепак, кога инспекторите дошле во ресторанот утврдиле дека синот на сопстеникот има телефон со истиот број. Тој се правдал дека купил мобилен од огласувачот, кој од тогаш го употребувал истиот број.

Сигурна сум дека они директно или тој што е зад нив кој што има машини го имаат киднапирале Пино за да го исплашат два, три дена за да го одржи ветувањето, они мислеле дека ќе го добијат тендерот. Но Пино не е тој што одлучува, тоа е огромна фирма, Пино е само вработен таму и нема никаква моќ да одлучува, одлучуваат директорите. Но никој не знаеше дека јас ќе дојдам. Можеби мислеле таткото не разбира македонски, сам не може ништо да направи ни да го бара, ќе го исплашиме два, три дена и ќе го пуштиме. Но јас истиот ден направив хаос и по полиција и по Фејсбук. Другарите секаде го бараа и мислам дека се исплашиле. Се надевам дека го чуваат некаде врзан, очајна е мајката.

По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица , роднини на првопријавениот. Осомничениот се дал во бегство и во моментов е недостапен за органите на прогонот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје.

. Зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, но со студени бранови и загаден воздух

Зимата што претстои се очекува да биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови и изразена временска променливост, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се прогнозираат долготрајни екстремни студови, туку претежно умерено топло и динамично време.

Студени периоди со температури под нормалата се најавуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните зимски температури ќе се движат меѓу 1 и 4 Целзиусови степени, додека на планините од 0 до -3 степени.

Според анализата, бројот на мразни денови ќе изнесува од 30 до 55 во низините и од 60 до 75 на планините. Ледените денови ќе бидат релативно ретки во низинските предели (од 5 до 15), но значително почести на планините, каде се очекуваат од 25 до 40 такви денови.

„Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари и повторно кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови“, наведуваат Спиридонов и Милевски.

Професорите предупредуваат и на зголемен ризик од магла и температурни инверзии во периоди со стабилно антициклонално време. Во вакви услови се очекува значително влошување на квалитетот на воздухот, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина.

„Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани. Главните ризици ќе произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините“, оценуваат климатолозите.

„Тошковски: Системот Безбеден град“ ќе регистрира прекршок при брзина од 57 км/ч во зона со ограничување од 50 км/ч

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја објасни примената на системот за видео-надзор „Безбеден град“, појаснувајќи како ќе се откриваат и евидентираат сообраќајните прекршоци со автоматски камери.

Според Тошковски, камерите нема да прикажуваат прекршок веднаш штом брзината ја надмине дозволената, туку ќе важат исти правила за толеранција како и кај класичните полициски радари. Тоа практично значи дека ако на место каде што е ограничено 50 км/ч, возилото се движи со 57 км/ч, системот ќе регистрира прекршок; додека доколку возите со 56 км/ч, нема автоматски да се констатира прекршок.

Тошковски појасни дека овие правила за толеранција, кои се веќе дефинирани во метролошките регулативи, ќе останат како што се досега и ќе се применуваат и преку „Безбеден град“. Тој додаде дека системот е усогласен со експертски мислења и има цел да обезбеди правично и правно издржано мерење на брзината. 

Министерот најави дека наскоро ќе биде пуштена дигитална платформа преку која граѓаните ќе можат да проверат на кои критични локации се поставени камерите за мерење на брзината и камерите за детектирање на минување на црвено светло, како и да ажурираат контакти поврзани со системот. 

Тошковски исто така наведе дека службените возила ќе бидат исклучок од автоматското регистрирање прекршоци само кога се во оправдани оперативни ситуации, но во други случаи ќе важат истите правила како за сите други учесници во сообраќајот. 

Проектот „Безбеден град“ е дел од пошироките напори за зголемување на сообраќајната безбедност и почитување на правилата на патот, со цел намалување на несреќи и жртви. 

Вработување во Алкалоид , Макстил и Нептун!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ГЕВГЕЛИЈА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА
ПРАВНИК
СМЕТКОВОДИТЕЛ
РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАВНИЦА ВО НЕГОТИНО

Макстил е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОНИЧАР

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА ЗА ПОТРОШУВАЧИ

Алкалоид AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. 

Моментално вработува:

ВОДЕЧКИ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТИ И БЕНЕФИЦИИ

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА – ГЕВГЕЛИЈА
ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
ПРОДАВАЧ/КА – КАВАДАРЦИ
ПРОДАВАЧ/КА - СКОПЈЕ

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Клиничката болница Жан Митрев на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје. 

Моментално вработува:

ПОСЛУЖУВАЧ НА ЛИНИЈА
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - СТРУМИЦА
ДОКТОР НА МЕДИЦИНА - БИТОЛА
ВОЗАЧ

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно