ВИДЕО: Eчеше “Никогаш Северна само Македонија” во Цирих

Трета светска титула за Даниел Стфеновски (7к кг) во К-1, овој пат во ВКУ по минатогодишната во Суперкомбат и годинава во ИСКА.

Стефановски го совлада Јану да Круз на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија.

И, како што вети Даниел, борбата ја заврши со нокаут во првата рунда,откако добро го поткачи со коленото и го заврши со два-три удари.

Видео: Медведев го „реши“ Ѓоковиќ

102 минути му беа потребни на Данил Медведев за да се врати од работ на поразот и  да успеа да го победи светскиот рекет број 1 и актуелен шампион, Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати и стигна до второто Мастерс 1000 финале.

Русинот губеше со 6:3/3:2 и 30:40, но ја спаси таа брејк топка, за на крајот по час и 43 минути игра да го победи Србинот со 3:6/6:3/6:3. Светскиот рекет број 8 одигра фантастичен втор и трет сет, во кој не му дозволи на Ѓоковиќ да влезе во ритам и имаше 16 аса, најмногу што дозволил Ѓоковиќ годинава.

– Да бидам искрен не знам како го направив ова. Бев толку уморен во првиот сет, а играв против Новак. Потоа, еден момент во вториот сет го смени ритамот и добив енергија – изјави Медведев.

Ова е негово трето финале во низа откако во Вашингтон загуби од Ник Кирјос, а во Монтреал од Рафаел Надал. Противник вечерва во 22 часот ќе му биде Давид Гофан, кој со 6:3/6:4 го победи Ришар Гаске.

Ѓоковиќ имаше само пофални зборови за својот противник.

-Мислам дека одиграв добар меч. Можеби во третиот сет можев да бидам малку подобар, но кога имаш противник кој сервира со 200 на час и не прави многу грешки, мораш само да му честиташ. Тој одигра фантастичен меч и не можев да направам многу. Данил оди кон топ 5 и дефинитивно е еден од најдобрите тенисери на турнејата. Многу е подобрен од Австралија опен минатата година. Неговиот форхенд е подобар, неговото движење исто така – изјави Ѓоковиќ.

Дали кралскиот клуб се „откажува“ од најголемото засилување

Репрезентативецот на Српската репрезентација, Лука Јовиќ, не го убеди тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан дека е подготвен да игра за клубот, јавуваат Шпанските медиуми.

Наводно, младиот напаѓач не ги исполнувал очекувањата на подготвителните игри, па може да биде „даден„ на позајмица.

Порталот Дон Балон пишува дека Јовиќ не гледа негативно во можноста да ја помине следната сезона во клуб каде би имал сигурна минутажа.

ФОТО: Играл само македонско првенство и ќарил 500 евра!

 Иако во 1.коло имаше изненадувачки резултати во ПМФЛ, сепак кој си знае си знае. Посебно некој мајстор од Трубарево.

Тој уплатил 100 денари на ливче на кое играл само наш, домашен, прволигашки фудбал и сите ги погодил. И така заработил 33.900 денари, убава сума. Вардар – Македонија ЃП играл „2“ со коефициент 9.00. На сите останати мечеви играл „1“ и погодил. Посебно големи се коефициентите на мечевите во Струмица и Струга.

Популарно