Јоци: ,,Паркови и зеленило" кое е под капа на Град Скопје, дале дозвола на кафанџииве да ги исечат дрвјата во Капиштец

Фејсбук статус на Јорданка Ивановска - Јоци:

„Петре Шилегов да даде објаснување дали знае што му се случува во градов.

Ако знае, дали токму ,,Паркови и зеленило" кое е под капа на Град Скопје, дале дозвола на кафанџииве да ги исечат дрвјата на ,,Народен фронт". 

Секако, Петре нек каже и дали СДСМ кркаат у кафанава.

Она што ме чуди е како при толку освестен народ во Капиштец, барем како такви сакаат да се декларираат, вакво нешто е дозволено. Пред нивни очи. 

Само една жена снима и толку.

Другите ѕиркале од прозорци веројатно.“

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно