Потребни се само две состојки за да ги заштитите цвеќињата во зима

Станува збор за употреба на водороден пероксид т.е хидроген. Сувиот воздух кој произлегува од централното греење во становите куќите, недостатокот на доволно количество светлина се едни од факторите кои го забавуваат процесот на фотосинтеза, што пак се одразува негативно врз виталната активност и растот на собните билки.

Како да го употребите хидрогенот за заштита на вашите цвеќиња?Во литарски сад со вода на собна температура, додадете 2 супени лажици од 3% раствор на хидроген.

Добиената смеса складирајте ја во сад и секојдневно прскајте ги вашите собни растенија со истата, во умерено количество.

По само неколку недели ќе ги забележите посакуваните резултати, односно тие ќе заблескаат со нивната природна убавина и обновен свеж изглед.

Покрај прскање на билките со хидроген, исто така ова средство може да го употребите и за нивно наводнување, но важно е да знаете дека, за разлика од претходниот метод, наводнувањето може да го правите само еднаш неделно.

Овој трик ќе ги зајакне корените и стеблата на растенијата и ќе ги заштити од сите надворешни штетни фактори.

Царска пита готова за миг

Одличен рецепт за царска или шпанска пита.

СОСТОЈКИ:

3-4 кисели краставички

1,5 кисела пиперка

150 гр салама

150 гр кашкавал

5 јајца

200 мл јогурт

180 мл масло

2 чаши бело брашно

1,5 лажичка сол

1 кесичка прашок за печиво

Начинот на подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Готви.мк

АВГУСТ ЦРН МЕСЕЦ ЗА ГРУПАТА НОВИ ФОСИЛИ

Рајко Дујмиќ, кој почина пред два дена на 66-годишна возраст како резултат на тешка сообраќајна незгода, е трет член на групата Нови Фосили, кој почина ненадејно, и тоа во август.

Прво, Слободан Мока Момчиловиќ (43) го напушти овој свет премногу рано во 1985 година. Тој беше основач на групата, го донесе Дујмиќ и му дозволи да пишува песни, од кои многу сè уште се хитови на таа група. Мока почина на 7 август, точно на роденденот на Рајко, но нема веродостојни информации за причината за неговата смрт. Се претпоставува дека станува збор за срцев удар.

Првиот пејач на популарната постава, Ѓурѓица Барловиќ, исто така, ненадејно почина. Таа ја напушти групата во 1983 година да се посвети на одгледување деца, и повремено издаваше синглови и записи, кои постигнаа успех кај публиката. Јавноста беше шокирана кога беше објавена веста на 26 август 1992 година, дека таа починала. Тој ден Ѓурѓица била со своите синови на плажа на, кога ненадејно и се слошило и била однесена во болница во Задар. По неколку часа, таа почина од акутен срцев удар предизвикан од тромбоза на десната коронарна артерија, на 42-годишна возраст. Дујмиќ напиша песни за неа, раскажа необичен детаљ поврзан со судбоносниот ден.

- Ѓурѓица имаше солидно и стабилно здравје. Затоа бев изненаден од нејзиното предвремено заминување. На денот кога таа почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа, а подоцна ја слушнав таа тажна вест - рече еднаш Рајко.

Покрај тројцата, Ненад Шариќ исто така почина ненадејно на 64-годишна возраст. Тој беше тапанарот на Нови Фосили.  Шариќ почина од мозочен удар на 3 мај 2012 година, а беше погребан шест дена подоцна, на роденденот на неговата сопруга.

Рецепт за најсочните кременадли

Рецепт за најсочните кременадли

Послужете ги со прилог и салата по желба.

СОСТОЈКИ:

500 гр кременадли

сол

бибер

масло

1 лажица ајвар

соја сос

лук

1 лажичка пченкарен скроб во прав

1 лажица јаболков оцет

вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Кременадлите малку исчукајте ги помеѓу фолија, па посолете и побиберете. Во тава загрејте масло, па ставете го месото. Ставете малку вода и поклопете. Динстајте додека не омекнат.

Во сад ставете оцет, пченкарен скроб, ајвар, лук и 50 мл вода. Убаво соединете да не останат грутки.

Издинстајте ги кременадлите со соја сос и додајте 1 лажица ајвар и оставете уште малку да крчкаат. Потоа ставете сос (оцет, лук, ајвар, пченкарен скроб, вода) и оставете 2-3 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Готви.мк

Популарно