Тензии во амбуланта во Бутел – донесено починато лице, лекарите со часови чекале тестирање за Ковид-19

Со часови вработените во приватната амбуланта Викторија во општина Бутел чекаа да бидат испратени екипи од Институтот за јавно здравје за да земат брисеви откако во оваа здраствена установа било донесено лице кое веќе било починато.

ТВ21 го запраша сопственикот на амбулантата што точно се случило, но тој не сакаше да даде изјава во камера. Сепак, ни објасни дека веднаш побарал да дојдат екипи за да се направи контрола дали починатиот имал корона, но оттаму му рекле дека лицето бидејќи е починато нема потреба да доаѓаат. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека истите правила важат и за починати лица и дека и тие треба да бидат тестирани.

„Апсолутно не се прави индикација за тестирање само врз основа на анамнеза, еве може и од членови на семејството, ако станува збор за конкретниот случај и врз основа на таа епидемиолошка анкета, за која што податок може да дадат и членови на семејството. Во смисла на индикација за тестирање на починати лица важи постмортем, важат истите правила“, истакна Венко Филипче.

Безживотното тело во амбулантата било донесено во 12 часот и 30 минути запишале докторите и сестрите кои веднаш интервенирале и се обиделе да помогнат, но веќе било доцна. Пациентот бил на околу 65-годишна возраст и не давал знаци на живот, стои во изјавата. Починатиот бил донесен од соседите, бидејќи како што ни изјавија, неговиот син бил во Битола, а другите роднини во странство. Кога екипата на Тв21 пристигна таму, сопственикот на амбулантата беше загрижен и инсистираше да се тестира починатиот со оглед на вонредната состојба со корона вирусот, а особено поради тоа што и целиот медицински персонал, но и соседите на починатиот биле во директен контакт со него. Освен полицијата и дел од лекарите внатре не се пушташе никој, амбулантата беше затворена, а сопственикот рече дека нема да се примаат други пациенти се додека не се утврди дали починатиот имал корона.

Рече дека доколку Институтот за јавно здравје не прифати да го тестира починатото лице, ќе бара приватно да се направи. Инаку според кажувањата на соседите починатиот имал хронична астма, а во последно време и многу кашлал.

Последните информации велат дека телото е земено на обдукција да се утврдат причините за смртта.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно