Полицискиот час се враќа, Комисијата за заразни болести бара строги мерки за Штип, Тетово и Чаир

Откако неколку денови на цела територија на државата беше укинат полицискиот час, истиот ќе се врати назад, според информациите кои ги добивме од Комисијата за заразни болести, која заседава и во тек е состанок на кој официјално ќе бидат донесени повеќе одлуки.

Според неофицијалните информации, ќе биде побаран полициски час за скопски општини, Тетово и Штип. Со сигурност од скопските општини, Чаир ќе оди под полициски час, за другите се уште не е детално познато.

Добро во оваа ситуација е што повеќето од новите случаи се очекувани, затоа што имале контакт со позитивни од корона вирусот. За Чаир и Тетово велат дека се од семејни забави и се зафатени цели фамилии, а во Штип се текстилни работнички од една конфекција, но се размислува да се затворат сите конфекции, бидејќи почнале да се појавуваат изолирани случаи и по други конфекции поради заeдничкото возење во автобус на работнички од различни фабрики.

Во последниве 24 часа во земјава починале 7 пациенти позитивни на вирусот Ковид-19, дознава Алсат-М.

Како што информираат од телевизијата, 6 од нив починале во болницата „8 Септември“, а еден во Клиниката за инфективни болести.

Со ова вкупниот број починати во нашата земја достигна 140.

Официјални информации околу бројот на новозаболени до овој момент сѐ уште нема, но вицепремиерот Бујар Османи, изутринава, преку својот фејсбук профил објави дека денеска бројот на нови случаи е уште позагрижувачки.

СЗО: Наместо славење, подготовки за втор бран на ковид-19

Случаите на новозаболени од коронавирусот изминатиот период во земјава, кои главно се резултат на непочитување на мерките, би можеле да послужат како добра лекција во момент кога се сѐ погласни предупредувањата од евентуален втор бран од ширење на ковид-19, кој го најавува и самата Светска здравствена организација (СЗО).

Експертите се поделени во однос на тоа дали новиот бран би бил послаб или посилен, но заедничко им е очекувањето дека вирусот ќе се врати. Македонските здравствени власти регистрираа нови кластери на заразени од ковид-19 во Скопје, кои се поврзуваат со неодговорноста на граѓаните. Велат дека строгото придржување на протоколите и мерките за заштита е најважен начин како да се пречека или пресретне евентуален втор бран наесен за да се избегнат рестриктивните карантински мерки низ кои поминаа Европа и светот.

СЗО предупреди дека земјите сè уште би можеле да се соочат со „непосреден втор бран“ ако избрзаат со укинувањето на карантинските мерки. Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа, предупреди дека вториот бран може да се совпадне со други заразни болести, како сезонски грип и сипаници.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно