Видео: „Бекстејџ“ во домот на Влатко Илиевски

Пејачот Влатко Илиевски почина пред две години. Тој беше пронајден мртов во неговиот автомобил  на булеварот „Трета македонска бригада“.

Поминаа  две години од неговата смрт,  а неговото семејство, пријатели, колеги се уште не може да го прифатат фактот дека македонската ѕвезда го напушти овој свет.

Тамара Тодеввска по повод две години од смртта на Влатче, на социјалните мрежи напиша емотивен статус за својот пријател, колега истакнувајќи дека секој ден и недостига да ги споделуваат заедничките моменти.

Екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ деновиве го посети домот каде што живееше Илиевски со неговото семејство. Имено, тој живееше во скопската населба Ѓорче Петров заедно со неговите родители и неговата сестра.

Родителите на пејачот ги отворија вратите од својот дом за „Бекстејџ“, а како што велат секое коше потсетува на Влатче.

На ѕидовите преовладуваат постери, фотографии, а Влатко беше љубител и на уметничките фотографии со клонови.

Во продолжение погледнете како изгледаше домот во кој живееше Влатко Илиевски.

И по две години останува непреболената тага и болка по македонскиот пејач, како и неговите песни кои секогаш  ќе не потсетуваат на него.

Потсетуваме, Влатко почина само неколку дена по својот 33 роденден.

Денес започнува Богородичниот пост

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава.

Шницли во сос со печурки

Направете вистинско гурманско јадење…

СОСТОЈКИ:

450-500 гр шницли

1 главица кромид

1 свежа црвена пиперка

1 лажица доматна паста

200 гр шампињони

200 гр вргањ

1-2 лажици брашно

сол

бибер

оригано

сув зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тенко исечканите шницли посолете ги, побиберете ги и во малку загреано масло пропржете само да добијат боја. Потоа оставете ги на страна. Во истото масло ставете ситно сечкан кромиди пропржете. Потоа додајте пиперка, доматна паста и печурки. Зачинете, додајте брашно, налијте вода и продолжете со готвење. Потоа вратете ги пропржените шницли во сосот, додајте уште малку вода и гответе заедно десетина минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Готви.мк

Пилешко полнето со зеленчук со бешамел сос

Послужете со салата или прилог по желба

СОСТОЈКИ:

600 гр пилешко филе

300 гр тиквици

1 главица кромид

1 морков

1 јајце

сол

бибер

соја сос

3 лажици масло

бешамел сос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исечкајте го на тенки парчиња и исчукајте го. Зачинете со соја сос, па посолете и побиберете.

Во тава ставете масло и пропржете кромид исечкан на коцки и изрендани моркови и тиквици. Посолете и побиберете.

Секое парче месо филувајте го и свиткајте. Редете во тепсија. Разматете јајце и прелијте преку месото, а потоа прелијте и бешамел сос. Печете 35 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Готви,мк

Популарно