(Видео) Fleet Management е идеална алатка за целосна контрола над возниот парк

Компанијата Eco Logistic Service постои само три години, но веќе се наметна како лидер во испорачувањето поштенски услуги реализирани преку електронска трговија. На почетокот оваа компанија нудеше услуги само за територијата на Скопје, но како што побарувачката стануваше поголема а бизнисот се ширеше, се создаде потреба за најмување на повеќе луѓe и активирање на повеќе возила, а тука Eco Logistic Service почувствува дека има потреба од помош. Дигиталната услуга Fleet Management на Македонски Телеком се покажа како идеалното решение за нив.

Менаџирањето со возниот парк знае да биде неблагодарна и комплицирана работа, особено кога треба да се оптимизира употребата, потрошувачката и одржувањето на возилата. За среќа, Fleet Management го прави овој процес автоматизиран и многу полесен. Повеќе за искуството со оваа дигитална алатка дознајте лично од Игор Гешовски, сопственик на Eco Logistic Service.

„Услугата Fleet Management ни овозможи целосна контрола над процесите, рационално работење и заштеди при работењето. Тоа не е скапа алатка, а на долг рок дава одлични резултати. Ние имаме цел сектор на возила кој сега ни е достапен со само еден клик и можеме да го надгледуваме движењето на возилата кога и да е, каде и да се тие. Направен е практично совршено за да имате контрола над работењето“, вели Игор Гешовски.

Автомобилите и машините, како вредни инвестиции, треба да бидат добро менаџирани за целосно се искористи нивната функционалност. Повеќе не е доволно само да ги оставите на компанискиот паркинг, за вистински успех потребно е да имате целосна контрола над нивното движење, статусот на возилата, нивната потрошувачка и безбедност. Услугата Fleet Management ви го нуди сето тоа, преку едноставна и лесна за користење мобилна апликација. Направете ја вистинската одлука и дигитализирајте го вашиот бизнис уште денес!

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно