Колку долго може да се јадат велигденските јајца

Веќе е трет ден Велигден а на сите ни останаа многу велигденски јајца во ладилникот, а она што е најважно е да знаеме до кога се јадат, бидејќи не ретко се случува болниците да се наполнат по празниците, поради прејадување и труење.

Свежите јајца во фрижидер можат да стојат четири до пет недели.

Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. Така во ладилник стојат најмногу една недела.

Науката открива можна врска меѓу воспаленијата и депресијата

Истражување на Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, открива нови наводи за поврзаноста меѓу ниско-системското воспаление и депресијата. Имено, испитувањата идентификуваа повисоки нивоа на воспалителен биомаркер кај депресивни лица отколку кај недепресивни лица.

Но, иако двете состојби честопати се јавуваат тесно поврзани, не сите експерти се убедени дека системското воспаление со низок степен игра причинска улога при депресијата. Многу воспалителни болести се карактеризираат со тоа што пациентот е склон кон депресивни состојби, но честопати со право се тврди дека депресијата е само несакан ефект на болеста.

Користејќи податоци од „УК Биобанк”, проучувањето ја разгледува врската меѓу депресијата и воспалителниот биомаркер наречен Ц-реактивен протеин (ЦРП). Научниот труд опфаќа речиси 86.000 луѓе, од кои околу една третина имале клиничка дијагноза на акутно депресивно нарушување.

Истражувачите сметаат дека, во прицип, нивото на ЦРП е повисоко кај депресивни субјекти отколку кај недепресивни субјекти. И по прилагодувањето на другите клинички и бихејвиорални фактори, истражувачите сè уште наоѓаат врска меѓу овој воспалителен биомаркер и депресијата.

– Нашата голема анализа на податоци покажа дека социоекономските фактори, лошото здравје, нездравите навики и генетската предиспозиција за имунолошка дисфункција не се единствените објаснувања за врските меѓу депресијата и воспаленијата. Преку овој процес на елиминација, докажуваме дека може да постои основен биолошки процес зад врската меѓу депресијата и зголеменото ниво на воспаление. Ако можеме да го идентификуваме овој процес и поподробно да ја откриеме неговата улога во развојот на депресија, можеме да го отвориме патот за испробување нови третмани за ова раширено ментално растројство, истакна Кармин Паријанте, еден од авторите на трудот.

Но, постојат и скептици. Така, Дејвид Куртис од Универзитетскиот колеџ во Лондон смета дека новите откритија не се нови и веќе е познато дека воспалението може да биде поврзано со депресијата.

– Оваа студија потврдува дека нивото на ЦРП – обележувач на воспалението, е малку повисоко кај луѓето кои пројавуваат депресија во одреден миг од животот… Се сомневам дека воспалението игра клучна улога во предизвикувањето депресија и не сум сигурен дека оваа студија придонесува многу за нашето разбирање на депресијата, рече Куртис.

Претходните истражувања што ги критикуваа ваквите хипотези посочуваат дека односот меѓу двата фактора може да биде индиректен. Според нив, познато е дека слабиот сон и дебелината се поврзани со воспалението и депресијата, па затоа е тешко да се прифати кој било причинско-последичен механизам.

– Ако постои причинско-последична врска меѓу воспалението и депресијата, веројатно ќе треба да се развијат прецизни лекови за водење на овој механизам. Потребно е многу повеќе истражувања пред да дојдеме до оваа точка… Секако, нема што да укаже дека луѓето треба да се обидат да ја третираат својата депресија со антиинфламаторни лекови. Освен што немаат докажано влијание врз депресијата, овие лекови имаат и опасни несакани ефекти, додека антидепресивите се безбедни и ефикасни, истакна Куртис.

извор:24info.mk

10 суплементи за здрав и долг живот

Подобрете го вашето здравје и продолжете си го животот со редовно внесување на следните суплементи…

Мултивитамини

Консумирањето на оваа комбинација на суплементи секојдневно го редуцира ризикот од канцер за осум проценти.

Магнезиум

Ги штити вашите коски од кршење, особено кај повозрасните.

Витамин К

Овој суплемент го подобрува здравјето на срцето.

Пробиотик

Добра бактерија која го засилува вашиот имунитет.

Јод

Суплемент кој ги редуцира канцерогените материи во вашето тело.

Морски алги

Алгите ги чистат слободните радикали од вашите крвни клетки.

Цинк

Го подобрува вашиот имунитет и ги победува болестите.

Минерали

Дневното консумирање на овие суплементи го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Бакар

Ги одржува вашите мускули фит и силни.

Хром

Застрашувачки непријател на дијабетесот.

извор:denar.mk

Јадете по 10 јагоди секој ден и ќе бидете изненадени од резултатите

Едно од најомилените овошја, јагодите, освен што имаат бројни здравствени придобивки се и спас за оние кои внимаваат на линијата.

Нутриционистите ги нарекуваат вистинска нискокалорична суперхрана за слабеење бидејќи 100 грама од овие бобинки содржат само 32 калории, а благодарение на нискиот гликемиски индекс, тие се погодни дури и за дијабетичари.

Освен тоа, благодарение на влакната како пектин и целулоза, јагодите прават побрзо да се чувствуваме сити и ја подобруваат дигестијата. Особено се богати со витамин Ц и фолна киселина, како и калиум, железо и цинк.

Ова се 7 здравствени придобивки од јагодите:

Го зајакнуваат имунитетот – високата содржина на витамин Ц во јагодите ја надминува дури онаа во портокалите и лимоните. Една порција јагоди од 200 грама (отприлика 10 плодови) ги покрива нашите дневни потреби за витамин Ц.

За силни коски и мускули – јагодите се полни со миниерали. Тие содржат калциум, калиум, цинк и железо кои заедно ги зајакнуваат коските, забите и мускулите.

Моќни антиоксиданси – јагодите содржат бројни антиоксиданси кои го штитат телото од болести. Истражувањата покажуваат дека ова овошје го инхибира развојот на болести како дијабетес, висок крвен притисок и дебелина.

Одлични се за срцето – полифенолите и флавоноидите во јагодите штитат од кардиоваскуларни болести, ги убиваат вирусите и имаат антивоспалително дејство.

Го подобруваат здравјето на мозокот – истражувачите откриваат дека, благодарение на флавоноидите, јагодите ги подобруваат когнитивните перформанси и со тоа го забавуваат процесот на ментално стареење.

Спречуваат опаѓање на косата – фолната киселина, витаминот Б5 и Б6 и елагинската киселина го спречуваат опаѓањето на косата. Покрај тоа, минералите како бакар и магнезиум помагаат во спречување на првут и габични заболувања на кожата на главата.

Го подобруваат метаболизмот – јагодите содржат изобилство од витамин Б и фолна киселина кои се неопходни за брз метаболизам и раст на клетките. Ретко кое овошје содржи толкава количина на витамин Б како јагодите, а 100 грама овошје содржат 43 микрограми фолати – повеќе од една осмина од дневната вредност.

Популарно