ВИДЕО: Се качи на јарболот и го симна српското знаме

Граѓанин на Хрватска во Пожега го симна знамето на Србија, кое беше поставено таму заедно со другите знамиња на земјите учеснички на филмскиот фестивал.

По повод едноминутниот филмски фестивал, кој воедно е и најстариот меѓународен филмски фестивал основан во Хрватска, на кој учествуваат кинематографери од земји ширум светот, во центарот на Пожега беа поставени знамињата на земјите учеснички на фестивалот, меѓу кои и знамето на Србија.

Меѓутоа, во понеделникот вечерта, млад човек успеал да се качи на јарболот и да го симне српското знаме.

Порталот, Požeški.hr, кој објави и видео од младиот човек кој го симнал српското знаме, наведува дека „можеби оваа тема немаше да добие толкаво внимание доколку српското знаме не беше поставено покрај локалите во Пожега“. .

Жителите на Пожега мораа да го гледаат знамето со денови на кафе. Тоа со причина предизвика силен револт кај многу сограѓани, бидејќи Пожега и Пожешкиот регион изгубија многу синови и татковци во агресијата на нашата татковина во 1991 година“, наведува порталот. 

Исто така, се додава дека добиле информација дека младиот човек кој го симнал знамето изгубил член од блиското семејство во Татковинската војна, а синоќа го симнал и знамето на Србија бидејќи смета дека не му е место на плоштадот Света Троица, како и многу сограѓани кои го поддржаа.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно