Неколку улици од една скопска општина ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.

Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Продолжи судењето за убиствата на Вања и Панче, го нема клучниот сведок Гоце Трајковски

Со испитување на сведоци на предлог на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На почетокот од денешното рочиште, јавната обвинителка Жаклина Трајковска, извести дека предложениот сведок Гоце Трајковски нема да сведочи бидејќи не успеале да го обезбедат.

- Во однос на сведокот Гоце Трајковски. При известувањето од МВР, бевме информирани дека тој не претстојува на неговата адреса и не е достапен на органите на прогон, рече обвинителката.

Адвокатот на таткото на Вања Ѓорчевска, адвокат Владимир Туфегџиќ, побара исказот на Трајковски од обвинителството да биде прочитан како доказ, на што судијата одговори дека ќе се потруди да го обезбеди сведокот да сведочи.

- Судењето сѐ уште трае, ќе се обидам да го обезбедам сведокот да сведочи, рече судијата Ивица Стефановски.

На изминатите рочишта сведочеа семејствата на убиените како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

(Видео) Лидершифт со Душан Пецовски: Луѓето се компанијата!

За преземањето и управувањето со Реплек АД, од прва рака и лидерска перспектива со Душан Пецовски, генерален директор на Реплек АД, кој верува дека “Луѓето се компанијата!”

Вчера (15.12) се одржа втората епизода на подкастот „Лидершифт“, на која гостин беше Душан Пецовски, генерален директор на Реплек.

Разговорот помеѓу гостинот и домаќините, Христина Велковска и Илијанчо Гаговски води низ повеќе теми, за тоа дека и во Македонија може да се изгради успешна кариера и од прво лице еднина Пецовски раскажува за неортодоксното преземање на „Реплек“, односно преземање со идеја и со стекната доверба од вработените и Управниот одбор.

Пецаковски зборува лидерскиот капацитет потребен да се спроведат големи промени, посебно во компании кои имаат долга традиција.

Но, да не ви раскажуваме, целиот подкаст можете да го преслушате на линковите подолу:

Спотифај

Јутјуб

„Лидершифт“ е платформа создадена за да се споделуваат искуства, знаење, мисли и перцепции за тоа како може да се успее и да се врати назад во општеството, од луѓе кои имаат веќе докажано општествено лидерство со своето живеење, работење и делување.

Целта ни е е да ги идентификуваме овие луѓе и да ги извлечеме од „сенката“ за сите, да ги видиме и слушнеме.

Мисија на Лидершифт е да едуцира и инспирира.

Во нашите разговори ќе преовладуваат пасијата, срцето, посветеноста и љубовта на нашите соговорници кон она што го работат и начинот на кој живеат.

Доколку сакаш вакви луѓе да бидат дел од твојата орбита, заследи го Лидершифт на:

YouTube каналот

Спотифај

Instagram

LinkedIn

Facebook

Домаќини во оваа епизода на Лидершифт се, Христина Велковска, чија пасија и работа е создавање лидери и трансформација на компании, како основач на Вита Институт и Илијанчо Гаговски, лидер во ИТ индустријата, перцептивен со одлична смисла за хумор и силни вредности, косопственик на FledgeWorks.

Лидершифт е производ на Вита Институт – компанија која работи на трансформација и развој на компании, лидери и тимови преку едукација, консултанство, дигитализација и коучинг.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Ненадејно изгубивме скромен, тивок и добар човек

Кошаркарската федерација на Македонија објави тажна вест. Ненадејно почина Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари.

Големиот љубител на спортот ќе биде запомнет како скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

„Изгубивме скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

Изразуваме длабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите, нека почива во мир и вечен спомен …“, објавија од судиската комисија на Кошаркарската федерација.

Популарно