За преземањето и управувањето со Реплек АД, од прва рака и лидерска перспектива со Душан Пецовски, генерален директор на Реплек АД, кој верува дека “Луѓето се компанијата!”
Вчера (15.12) се одржа втората епизода на подкастот „Лидершифт“, на која гостин беше Душан Пецовски, генерален директор на Реплек.
Разговорот помеѓу гостинот и домаќините, Христина Велковска и Илијанчо Гаговски води низ повеќе теми, за тоа дека и во Македонија може да се изгради успешна кариера и од прво лице еднина Пецовски раскажува за неортодоксното преземање на „Реплек“, односно преземање со идеја и со стекната доверба од вработените и Управниот одбор.
Пецаковски зборува лидерскиот капацитет потребен да се спроведат големи промени, посебно во компании кои имаат долга традиција.
Но, да не ви раскажуваме, целиот подкаст можете да го преслушате на линковите подолу:
Спотифај
Јутјуб
„Лидершифт“ е платформа создадена за да се споделуваат искуства, знаење, мисли и перцепции за тоа како може да се успее и да се врати назад во општеството, од луѓе кои имаат веќе докажано општествено лидерство со своето живеење, работење и делување.
Целта ни е е да ги идентификуваме овие луѓе и да ги извлечеме од „сенката“ за сите, да ги видиме и слушнеме.
Мисија на Лидершифт е да едуцира и инспирира.
Во нашите разговори ќе преовладуваат пасијата, срцето, посветеноста и љубовта на нашите соговорници кон она што го работат и начинот на кој живеат.
Доколку сакаш вакви луѓе да бидат дел од твојата орбита, заследи го Лидершифт на:
YouTube каналот
Спотифај
Instagram
LinkedIn
Facebook
Домаќини во оваа епизода на Лидершифт се, Христина Велковска, чија пасија и работа е создавање лидери и трансформација на компании, како основач на Вита Институт и Илијанчо Гаговски, лидер во ИТ индустријата, перцептивен со одлична смисла за хумор и силни вредности, косопственик на FledgeWorks.
Лидершифт е производ на Вита Институт – компанија која работи на трансформација и развој на компании, лидери и тимови преку едукација, консултанство, дигитализација и коучинг.
Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ