Гори куќа во Чаир, лепенка до зграда на осум ката

Голем пожар избувна во куќа во Чаир, јавуваат жители за „Скопје1“. Според снимките на порталот од лице место, цел кат и покрив на куќата се целосно опожарени, а во непосредна близина има и зграда на осум ката.

Екипи на Противпожарната бригада веќе се обидуваат да го локализираат и изгаснат огнот, за да спречат негово проширување на соседните објекти.

Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје

Дваесет и тригодишен скопјанец трагично го загуби животот вчера по пад од објект во изградба на Бит Пазар.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера, а момчето првин се здобило со тешки повреди, но им подлегнало во болницата Свети Наум Охридски во Скопје.

Момчето со иницијали М.О. се нашло во објектот за да му однесе јадење на неговиот татко, кој бил работник.

Извршен е увид, а телото на момчето е дадено на обдукција.

Ја давел за врат, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата - поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – телесна повреда.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, доказите обезбедени во текот на претходната постапка ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинетиот на 1 декември во попладневните часови, во семејната куќа во Љубанци, вршел семејно насилство, при што телесно ја повредил поранешната сопруга со која по разводот на бракот продолжиле да живеат во заедничко домаќинство.

-Тој и пришол од зад грб, со рацете ја зграпчил за вратот и ја стегал, па ја удирал со тупаници и ја кубел за косата. Имајќи предвид дека обвинетиот е претходно осудуван, му се води и друга постапка за истородно дело, а оштетената повеќепати ја напаѓал, јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност тој да се обидува да го избегне кривичниот прогон ако биде пуштен на слобода, информира ЈОРСМ.

Затоа до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Загина градежен работник во Гевгелија

Млад градежен работник загинал денеска при извршување градежни работи во Гевгелија.

Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град, соопштија од полицијата.

Увид се врши на местото на несреќата, по кој ќе се знаат причините за смртта на работникот.

Популарно