Скопјанка физички нападната од колега во приватна фирма во Гази Баба

55-годишна скопјанка пријавила дека на работното место била физички нападната од колега. 

- На 16.10.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Л.(55) од село Петровец, скопско, пријавила дека околу 12.20 часот на работното место во приватна фирма на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот колега Б.„Н“, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Граѓаните заинтересирани за вакцинација против сезонски грип, пријавени 52 илјади лица

Министерството за здравство информира дека на сајтот vakcinacija.mk досега се пријавени над 52000 лица, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонски грип. Од министерството посочуваат дека во привите два дена на пунктовите за вакцинација се вакцинирале 8800 лица.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Ограбена фирма за брзи кредити во Скопје, разбојници упаднале со пиштоли и одзеле 5000 евра

Вчера е ограбена филијала на финансиско друштво за брзи кредити, лоцирана на булевар „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ и Бит-пазар.

Разбојниците упаднале со огнено оружје, а според информациите кои ги објави ТВ21, однеле околу 300.000 денари.

Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата

Генералниот обвинител на Украина Андриј Костин денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата.

Еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја масовната регистрација на инвалидитет на обвинителите, прогласи политичка одговорност на главниот обвинител.

„Денеска, претседателот на Украина одржа состанок на Советот за национална безбедност во врска со очигледно неморалната ситуација со лажните инвалиди на службениците на државните органи. Многу срамни факти за злоупотреба беа пронајдени во обвинителскиот систем на Украина“, рече Костин во објавата на Телеграмскиот канал на Обвинителството.

Тој изјави дека ставот на претседателот го смета за „апсолутно коректен“ дека треба да има „лична одговорност“, особено политичка.

„Благодарен сум на претседателот на Украина и на Врховниот суд за довербата. Но, во оваа ситуација, сметам дека е правилно да побарам разрешување од функцијата главен обвинител“, рече Костин.

Главниот обвинител како причина го наведе скандалот со регистрацијата на инвалидитет на обвинителите во регионот Хмелницки, објави порталот Страна.уа, потсетувајќи дека гласините за негово разрешување се шират од пролетта. Тогаш главна причина за претстојната оставка беа скандалите поврзани со честите отсуства на Костин од Украина, забележува украинскиот портал, потсетувајќи дека медиумите објавија дека јавниот обвинител поминал неколку дена на странски службени патувања, најмногу во САД, каде живее неговото семејство.

Најавата за оставка на Костин се појави веднаш по објавата на Зеленски, посветена на резултатите од состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) во врска со злоупотребите на службениците на медицинските и стручните комисии (МСЕК) и регистрацијата на масовна лажна попреченост од обвинителите.

Популарно