Мајка од Свети Николе си ја наведувала малолетната ќерка на проституција за паричен надомест

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

 Пријавената, во периодот од 2020 до 24.10.2024, ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција, за што добивала паричен надомест. 

Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата

На 20.10.2024 во семејниот дом во гостиварско, пријавениот се обидел со секира да ја нападне неговата сопруга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(54) од с.Леуново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Му избегале двајца работници од Бангладеш

Уште еден македонски газда остана без работниците од Бангладеш. Тие избегале, а случајот е пријавен во полиција. 

Во Полициската станица Центар, вчера во 10.10 часот, Ѓ.Т.(62) од Скопје пријавил дека двајца вработени во неговата фирма, А.М.Д.(37) и М.М.С.(36), двајцата од Бангладеш, со привремен престој во Скопје, се оддалечиле од местото каде што престојувале. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Вакви случаи имаше многу. Пред неколку месеци работници од Непал избегаа од државата. Потоа, имаше повеќе слични случаи.

Од македонски фирми избегаа работници од Непал и Багладеш. Пријавени беа бегства во Скопје, Прилеп, Пехчево, Охрид и други градови. Се смета дека тие заминуваат во други држави кои се дел од ЕУ, за да заработат повеќе. 

Пронајдено безживотно тело во Центар

На 14.11.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат А.С.(53) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Популарно