Авто-перална во скопски Карпош доби забрана за работа поради преголема бучава

Авто-перална во скопски Карпош доби забрана за работа од локалната самоуправа поради преголема бучава.

- По пријава од граѓани кои се пожалија на прекумерната бучава во реонот на населбата Карпош 2, овластениот инспектор за животна средина од општина Карпош веднаш реагираше и излезе на терен, каде направи вонреден инспекциски надзор на местото каде што функционира правниот субјект ДПТУ „Делта Центар“ ДООЕЛ-Скопје, со основна дејност миење на моторни возила. Станува збор за самоуслужна автоперална која се наоѓа на булеварот 8-ми Септември (на аголот, спроти СЦ „Борис Трајковски“), информираа од општината. 

По брза постапка општинскиот инспектор ја ангажираше акредитираната фирма „Еуромакконтрол“ ДООЕЛ, која спроведе неколку последователни мерења на нивото на бучава, согласно Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животната средина. Од добиениот Извештај и податоците од мерењата, контстатирано едека гореспоменатиот правен субјект ги надминува максимално дозволените гранични вредности, додаватаа надлежните. 

Во таа насока на ден 30.12.2024 година, на правниот субјект му беше издаден прекршочен платен налог за сторен прекршок на правното и одговорното лице. Во случајов, субјектот не ја прифати постапката и не ги плати прекршочните налози, со што постапката целосно е препратена до надлежен орган за понатаношно разгледување и постапување. Веднаш потоа, односно на 31.12.2024 година општинскиот инспектор за животна средина донесе Решение за забрана за вршење на дејност - одржување и поправка на моторни возила во рок од 30 дена. Подносителот на барањето ќе биде известен преку Управната инспекција, додека инспекциската постапка е во тек.

Инспекциските служби од Општина Карпош во рамки на своите должности и овластувања реагираа на овој начин, заштитувајќи ги правата на граѓаните кои беа изложени на прекумерна бучава, која го нарушуваше квалитетот на нивниот живот, велат од општина Карпош. 

Вработување во ТБМ Гроуп, Виола Аптеки, Магнетик!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Трговската компанија Магнетик е основана во 1992 година и денеска е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи. Компанијата денес ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на Weekend Max Mara, Marella, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Paul&Shark, Gerry Weber, Patrizia Pepe, Twinset, Yamamay, Carpisa, Oltre, Motivi и Fiorella Rubino во Македонија.

Моментално вработува:

ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам. 

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - 3ТА СМЕНА
ФАРМАЦЕВТ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

КОМЕРЦИЈАЛЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ИНЖЕНЕР МЕТАЛУРГ
ЛЕАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции. Како динамичен тим високо ги цениме различностите и новите таленти. Нашите тимови за бизнис развој се посветени на постигнување врвни резултати.

Моментално вработува:

JUNIOR SALES AGENT

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Премиерно првата епизода од поткастот "НА КАДЕ ОДИМЕ"

Чест ни е да ја најавиме првата епизода од подкастот "НА КАДЕ ОДИМЕ" – нова платформа за инспиративни разговори со успешни луѓе од нашето опкружување! 🎙️✨

Во оваа прва епизода, со задоволство ви го претставуваме Дејан Маџоски, директор за човечки ресурси во НЛБ Банка. Ќе разговараме за неговото професионално патување, но и за актуелни економски теми како што се инфлацијата и нејзиното влијание врз пазарот на трудот. Ќе слушнете споредби помеѓу различни банкарски системи, како и увид во тоа како финансиските институции се справуваат со економските предизвици.

Доколку барате инспирација, мотивација и вредни совети, тогаш "НА КАДЕ ОДИМЕ" е вистинското место за вас! Ова не е само подкаст – ова е простор за учење, споделување и охрабрување да направите чекор кон вашите соништа.

Останете со нас – ова е само почеток!
Следете нè и подгответе се за уште многу инспиративни приказни од водечките професионалци!


Целиот поткаст можете да го погледнете и на нашиот канал на Spotify - "НА КАДЕ ОДИМЕ"

Прегазен пешак на пешачки кај Сити Мол!

На пешачкиот премин пред Скопје Сити Мол беше прегазена девојка. Припадници на полицијата дојдоа веднаш на местото на настанот, а по петнаесетина минути дојде и екипа на брза помош која ја однесе повредената.

Девојката беше во свесна состојба, но се движеше со потешкотии.

Возачот кој ја удри девојката застана со возилото и понуди помош на повредената.

Девојката поминуваше на пешачкиот од Карпош 4 кон Сити Мол, при што во втората лента ја удри возило марка мерцедес.

Сообраќајната незгода се случи  петнаесетина минути пред 16 часот

За повеќе детали очекуваме извештај од мвр.

Популарно